Лемба: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
EfkoMKD (разговор | придонеси)
нова
(нема разлика)

Преработка од 10:58, 13 април 2009

Лемба, познати и како Ба-лемба, Ба-сони или Ва-мвеније, е црнечка етничка група на луѓе која брои околу 70.000 луѓе, населени на просторот на Јужна Африка. Според нивни тврдења тие се античките предци на Израелскиот народ. Тие инсистираат на тоа дека ги преставуваат корените на израелскиот народ, поточно на Абрахам, Исак и Јакоб кои се нивно крвно сродство.

Лемба
Вкупен број на населението

70,000+ (препоставка)

Региони со значително население
Јужна Африка (посебно во Провинција Лимпопо), Зимбабве, Малави, Мозамбик
Јазици
Некогаш Лемба (изумрен јазик), денес Венда јазик, Шона јазик, како и англиски и портогалски
Религии
Јудаизам, Христијанство
Поврзани етнички групи
Африкански евреи
 останати еврејски групи

Лемба народот имаат специфична религиозни обреди и верувања, многу слични на Јудаизмот, кои се паметат и пренесуваат говорно низ генерациите. Денес многу Лемби се Христијани, со тоа што користат и некои Јудаистички обичаи.

Историјата на Лемба народот кажува дека тие биле луѓето кој ја населиле Светата Земја (Јудеја / Антички Израел), водени од висок Лемба свештеник по име Буда. Групата се стационира во Јемен, каде го изградуваат градот Сена. Пред оклу 3000 години тие испловиле преку Арапското море „водени од ѕвезда испратена од Господ“, од Јемен во Африка каде што една група се населува на просторите на денешна Етиопија а друга група мигрира на териториите на јужна Африка, Зимбабве, Малави, Мозамбик и Танзанија, каде што живеат помеѓу „пагани“ во мир. Симболот на Лемба е слон во средината на шест краката ѕвезда на Давид (Давидова ѕвезда).

Сличноси со Јудаизмот

Многу од верувањата и обредите на Лембите се тесно поврзани со тие на Јудаистите. Според Д-р. Рудо, сличностите се следни:

  • Тие се монотеисти и го нарекуваат нивниот Бог создавач, “Н'вали”.
  • како и еврејскиот Сабат, еден ден во неделата и за нив е свет и посветен на Господ.
  • Тие го наградуваат Н'вали за тоа што ги чува, сметајќи се себеси за „избран народ“.
  • Ги учат своите деца да ги почитуваат своите родители.
  • Одбиваат да јадат свинско месо или друго месо забрането од Торах.
  • Не мешаат јадења од месо со млеко.
  • Тие користат ритуал на Машко обрежување (сунет).
  • На нивните гобови стои Давидова ѕвезда.
  • Не прават венчавка со не-Лемба луѓе, исто како и Евреите кои не се венчаваат со не-Евреи.