Разлика помеѓу преработките на „Прохор Пчињски“

Додадени 4 бајти ,  пред 11 година
с
с
({{внимание}})
с (с)
Откако се разбудил, царот го опфатил страв и веднаш отишолд а ги види своите стари облеки и се потцетил на се што му рекел старецот. Сакајќи да ја исполни желбата на преподобниот, царот заминал во пустината, во која го пронашол светиот подвижник бркајќи ја срната. Доаѓајќи во Жеглиговскиот крај, царот не можел да го пронајде светиот старец, бидејќи пред тоа, по Божја промисла, старецот преминал на планината Козјак. А тоа се случило откако ангел Господов се јавил на преподобниот и му рекол: “Бегај одавде длабоко по пустината во пустината и насели се на Козјак”.
 
Светиот Прохор го послушал гласот Господов и доаѓајќи на Козјак пронашол мала пештера и во неа се населил. Тука живеел уште триесет години, подвизувајќи се со пост и молитва и угодувајќи на Бога со исполнување на Неговите свети заповеди. Со таквиот богоугоден живот тој стекнал дар на прозорливост и чудотворство. И тогаш, веќе во длабока старост, му се јавил на сон на царот Диоген. Царот, патувајќи, го нашол местото на подвижништво на Божјиот угодник и тука, во Нагоричани, му подигнал храм. Но, царот многу тагувал бидејќи не знаел каде почиваат неговите мошти. Затоа усрдно со молел на светиот Прохор да му ги открие неговите мошти. И светиот Прохор му се јавил во сон и му рекол неговите мошти да ги бара во Козјачката пустина. Тогаш царот испратил многу војници да ги бараат моштите од светителот. Тие ги барале многу денови, но нивниот труд бил залуден. А еден старец, стоејќи на врвот од планината Козјак, откаде можел да се види целиот Козјак и во ширина и во должина, здогледал еден бел орел како лета над пештерата над која се наоѓале моќтите на светиот Прохор. Таму се упатиле сите, заедно со царот, и во пештерата ги пронашле нераспадливи моштиле на светителот. Царот и сите што биле со него паднале ничкум пред моштите на светителот па со големо [[стравопочитување]] и побожност, со пеење на црковни песни, ги зеле, ја преминале реката Пчиња и дошле во ногоподигнатиот Нагоричански храм. Кога утредента дошле во храмот, во него не ги нашле светите мошти, кои, пак, сами се вратиле во својата пештера. Но, тие повторно ги донесле, а моштите пак сами се врателе. Тоа се случиле три пати. Тогаш царот одлучил светителот да го понесе со себе во Цариград, па го товариле телото на една маска. Но, маската не сакала да се помрдне од местото. Царот во тоа ја видеј желбата на светиот отец Прохор и тој наредил, да се подигне нова црква на реката Пчиња и во неа нераспадливо до денес почиваат светите и чудотворни мошти, од кои тече свето и исцелително миро.
 
Новоподигнатата црква била осветена во присуство на царот и мноштво народ, а покрај црквата бил изграден и манастир. Царот ја зел левата рака од светителот и со себе ја однесол во Цариград, а останатото тело целло го оставил во новата обител, кое без престан од себе точи свето и целително миро на утеха, помош и лекувања на сите кои со вера и њубов пристапуваат кон светиот Божји угодник, преподобниот и богопосен наш Прохор Пчински.