Природно-математички факултет - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Прекатегоризирање
с с
Ред 17:
'''Природно-математичкиот факултет''' во [[Скопје]] е јавна високо­образовна установа која врши високообразовна, научноистражувачка, приме­ну­вачка и издавачка дејност од областа на [[Математика|математичките]], [[Физика|физичките]], [[Хемија|хемиските]], [[Биологија|биолошките]], [[Географија|географските]], [[Етнологија|етнолошко]]-[[Антропологија|антрополошките]] и [[Информатика|информатичките]] науки, како и од други подрачја, кои се во врска со основната дејност на Факултетот.
 
На [[16 декември]], [[1946]] г., на Природно-математичкиот оддел, кој, заедно со Историско-филолошкиот оддел го сочинуваа [[Филозофски факултет|Филозофскиот факултет]], започна првата високошколска настава во [[Република МакединијаМакедонија]], на катедрите за математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија. Тоа беше првиот факултет кој почна да изведува настава на [[македонски јазик]] по [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Формирањето на Филозофскиот факултет била насушна потреба во тоа време. Тоа претставува дел од македонската историја и, конечно, можност да се остварат заветите на нашите претци, кои уште во поче­то­кот на минатото столетие напра­виле прв, но, за жал неуспешен обид, да основаат македонска педагошка ака­де­мија.
 
Во периодот од [[1946]] г., па во наредните 12 години, Природно-математичкиот оддел беше дел од Филозофскиот факултет. Тоа се првите почетоци, кога со голем ентузијазам на најуспешните средношколски професори, заедно со угледни професори од [[Белград]], [[Загреб]] и [[Љубљана]], се поставени темелите на развојот на природно-математичките науки во Република Македонија. Во тој ран период се образовани голем дел од идните професори на Природно-математичкиот факултет, кои подоцна ќе бидат главни носители на образовната и научната дејност на [[факултет]]от. Иако материјалните и просторните услови за работа во тоа време биле прилично скромни, благодарение на несебичното залагање и квалитетот на тогашните професори, наставата не заостанувала битно зад земјите со постара традиција.