Башибозук: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Мала промена
с а->е
Ред 3:
Биле регрутирани од претставниците на највоинствените [[Ислам|муслимански]] народности во империјата, најчесто од [[Мала Азија]] и [[Албанија]]. На башибозуците државата им осигурувала само оружје без да им дава плата и башибозукот се издржувал од [[грабеж]] и [[мародерство]]. Не носеле униформи и немале никакви обележја. Поради својата недисциплина, некои башибозуци, често доаѓале и во судир со државата поради што понекогаш турската војска била принудена и насилно да ги разоружува.
 
Често соработувале со османската регуларна војска, како и со некои [[Срби|српски]] и [[Грци|грчки]] чети во битките против [[ВМОРО]]. Така на пример, башибозуците заедно со турската војска учествуваале во задушувањето на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во [[1903]] година, кога е убиен и еден од прочуените башибозуци [[СефарСефер Ага]], а во [[1913]] година башибозукот на [[Јаја Ага]] соработувал со српската војска предводена од [[Василие Трбиќ]], како и од [[Србомани|србоманските]] четници [[Јован Бабунски]] и [[Јован Долгачот]] при задушувањето на [[Тиквешко востание|Тиквешкото востание]].