Википедија:Марионетство: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
 
Марионетите се користени за да се даде чувство на поголема подршка за одреден став што постои. Покрај тоа што дава лажно чувство на достигнат консензус, марионетството е строго забрането и поради тоа што доаѓа и до голема забуна меѓу корисниците. Во ова е вклучено гласањето за одреден спор, гласање за избор на администратор, разговори за бришење на одредена статија и за време на уредувачки војни.
 
Правилата на Википедија се однесуваат по личност не по корисничка сметка. Правилата како тројното враќање се за секој корисник. Користењето на втора корисничка сметка за нарушување на правилата ќе биде следено со соодветни казни спрема оригиналната корисничка сметка.