Википедија:Начела за бришење: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
почеток, ќе ја довршам
 
дополнење
Ред 3:
 
'''Правилата на Википедија за бришење''' опишуваат како страници можат да се избришат и отстранат од Википедија. Бришењето ја брише статијата и нејзините поранешни измени, односно историјата на самата статија. За разлика од бришењето на содржината кое може да биде направено од сите корисници, бришењето на статијата може да се изведе од страна на администратори. Администраторите моѓе да ја видат избришаната статија и да ја вратат назад во употреба.
 
==Причини за бришење==
 
Причини за бришење ги вклучуваат следните работи:
* [[Википедија:Прекршување на авторски права|Прекршување на авторски права]] и други материјали што ги прекршуваат правилата на Википедија за фер употреба.
* [[Википедија:Вандализам|Вандализам]], вклучувајќи беспотребни пренасочувања, статии без смисла и содржина.
* Рекламирање и друг вид на [[Википедија:Спамирање|спамирање]] без релевантна содржина.
* Статии кои неможат да бидат подржани со соодветни цврсти докази, вклучувајќи неологизми, статии без оригинално истражување.
* Статии за кои безуспешно се барало цврти и веродтојни докази.
* Статии кои не ги исполнуваат критериумите за важност на темата.
* Статии што не ги исполнуваат критериумите и начелата за статии за живи личности.
* Бескорисни шаблони.
* Категории што се преклопуваат со останати категории.
* [[Википедија:Слики|Слики]] ште не се користени или ги прекршуваат правилата за фер употреба.
* Секој друг вид на слика, шаблон, проект или корисник кои се спротивни на правилата и принципите на Википедија.
* Секој друг вид на содржина што не е соодветна за енциклопедија.