Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
683.500
уредувања
с |
с |
||
=== Простор ===
Со сите други работи еднакви, страната која контролира повеќе простор на таблата е во предност. Повеќе простор значи повеќе опции, кои можат да се експлоатираат и стратешки и тактички. Така, доколку сите фигури ви се развиени и доколку немате тактички трикови или некој ветувачки долгосежен план, пробајте да најдете потег кој би ви го зголемил влијанието, особено во центарот. При некои отворања, еден играч би прифатил и помал простор за некое време за да приготви противнапад за средината на играта. Ова е еден од концептите зад хипермодерното играње.
=== Одбрана на фигури ===
Генерално земено, фигурите треба да се бранат, дури и ако не се под напад во моментот. Вака, многу од противничките тактички трикови нема да работат. Впрочем, овој пристап има претходник во теоријата на Арон Нимзович кој ова го нарекува „презаштување“. Во обратен случај, ако приметите незаштитени противнички фигури, треба да размислите како да ја искористите ситуацијата по пат на тактичка комбинација.
=== Размена на фигури ===
''Главни статии: [[Мала размена]], [[Жртвена размена]]''
Размена на фигура значи земање на противничка фигура и потоа дозволување фигура со иста вредност да ви биде земена. Често се работи за истата фигура со која сте земале. Како генерално правило, размената на фигури му олеснува на бранителот кој во таква ситуација има помалку простор за оперирање.
Доколку сте во материјална предност ова не е пожелна постапка, бидејќи на крајот на играта дурии еден пион може да биде решавачки.
Во игра против посилни играчи, многу почетници сакаат да разменуваат фигури за „да ја упростат работата“; ова е лоша стратегија. Посилните играчи се релативно посилни во крајот на играта, додека во искомплицирана средина на играта, дури и тие знаат да прават грешки.
===Фигури===
:''Главна статија: [[Состав на пиуни]]''
На крајот на играта, '''[[преминат пион|преминатите пиони]]''', тие кои неможат да бидат спречени од противничките пиони во нивната [[Промоција (шах)|промоција]], се силни, особено ако се прилично напред. [[Премнат пион]] на шестото поле е отприлика силен колку и коњ или ловец и често може да биде решавачки за играта. (Исто така видете [[изолиран пион]], [[удвоени пиони]], [[назаден пион]], [[поврзани пиони]]).
==== Коњи ====
: ''Главна статија: [[Коњ (шах)|Коњ]]''
Коњите лесно може да се избркаат со пешаци. Затоа, важно е да се воочат „дупките“ кај непријателската позиција кајде коњот неможе да биде нападнат, заради тоа што пионите веќе го заминале тоа место. Одкога ќе се увиди таквата дупка, коњот треба да се маневрира до тоа место. Непроменлив коњ на петтиот ред е силно средство, за поддржуван коњ на шестиот ред обично ја решава играта. освен во случај да постои добра причина, коњите не треба да се поставуваат на границите (и никогаш во аглите) на таблата, бидејќи таму контролират многу помалку полиња и често можат да бидат земени.
==== Ловци ====
:''Главни статии: [[Ловец (шах)|Ловец]], [[Фијанкето]]''
Ловецот секогаш оди по полињата со бојата на која почнал. Ова не е некој проблем доколку ги имате двала ловца, но штом едниот го снема, треба да имате на ум дека воопшто не е лесно да се папаѓаат и бранат фигури на полиња од другата боја. Ако имате само еден ловец, обично пионите се поместуваат на полиња од другата боја за да не му го блокираат патот на ловецот и за противничките пиони да мораат да седат на погодната боја на која можете да ги нападнете.
Ако не видите добар квадрат за развој на ловецот, размислете за ''фјанкето'': пион g2-g3 и ловец f1-g2. Ова сочинува силна одбрана за рокадираниот крал на g1 и ловецот често може да врши притисок на долгата дијагонала h1-a8. По фјанкето, не треба да се откажувате лесно од ловецот, бидејќи дупките околу кралот лесно можат да бидат фаталнио.
За да одлучите дали во дадена позиција е посилен коњот или ловецот, треба да земете в предвид неколку аспекти: ако играта е „затворена“ со многу преплетени пионски формации, тогаш коњот би бил посилен, заради тоа што тој може да скока преку пионите додека ловецот би бил блокиран од нив. Ловецот е исто така слаб ако е постојано блокиран од неговите пиони, кои се заглавени на погрешната боја.
При отворена игра со акција од двете страни на таблата, ловецот би бил посилен заради неговата долгосежност. Ова особено важи на крајот на играта, ако преминатите пиони се тркаат на спротивните страни од таблата. Во таа ситуација ловецот обично е доста поефективен од коњ.
При краеви на игри каде двете страни имаат ловци на обратни бои, играта речиси секогаш завршува со реми, дури и ако едната страна е два пиона напред.
==== Топови ====
:''Главна статија: [[Топ (шах)|Топ]]''
Топовите се моќни на полуотворени колони -- колони на кои нема ваши пиони. Топовите од седмиот ред се многу моќни бидејќи напаѓаат пиони кои можат да се бранат само со други фигури, а не со други пиони, бидејќи тие можат да го заглават противничкиот крал. Пар бели топови на седмиот ред (или црни на вториот ред) често се знак за победоносна позиција.
Во крајниот дел од играта, ако има преминат пион кој е кандидат за промоција, топовите, и пријателски и непријателски, обично се ''позади'' пионот, а не пред него. Видете [[тарашево правило]].
==== Кралица ====
|
уредувања