Разлика помеѓу преработките на „Букурешка мировна конференција“

с
ситно
с (ситно)
Српската делегација барала границата да биде повлечена од [[Горна Џумаја]] по долината на Струма до под [[Рупелска Клисура|Рупелската Клисура]], но тоа било максималното барање. На [[6 август]] Бугарија и Србија се договориле [[Штип]] и [[Кочани]] да и припаднат на Србија, а Струмица и [[Радовиш]] со околијата на Бугарија. Воените претставници ја одбележале границата на топографските карти. За спорните прашања во одредувањето на границата меѓу Србија и Бугарија била одредена мешана комисија во состав од експерти од [[Белгија]], [[Швајцарија]] и од [[Холандија]].
 
Одредувањето на грчко-бугарската граница создавало уште потешки проблеми. Грција не дозволувала Бугарија да излезе на Егејското Море, па барала граничната линија да оди од планината Беласица на исток, северно од Серез, Драма, [[Ксанти]] до [[Макри]] на Егејското Море. Според тој предлог, Бугарија би го добила морскиот брег од Макри до [[Енос]] во должина од само 40 километри. По овој предлог, бугарскиот претставник барал од Мајореску пристаништето Кавала да и припадне на Бугарија, во спротивно прашањето за војна ќе остане отворено. Под силен притисок на [[Франција]] и на [[Англија]], Кавала, сепак, и припаднала на [[Грција]]. Меѓутоа, другите големи сили, [[Русија]], [[Италија]] и [[Австро-Унгарија]], и ветувале на Бугарија дека за брзо време ќе извршат ревизија на Букурешкиот мир. На [[7 август]] [[1913]] година е потпишан протоколот број 9, во кој се регулирало дека грчко-бугарската граница минува од српско-бугарската граница по сртот на Беласица и излегува на сливот на [[Места]] во [[Егејското Море]].
 
==Види исто така==
97

уредувања