Свети Ѓорѓи Кратовски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
с ситно
Ред 2:
 
==Житие==
Во градот [[Кратово]], на крајот од 15 и почетокот на 16 век, живееле две побожни души, маш и жена: Димитриј и Цара. Тие биле здрави, вредни, штедливи и сиромашни, но задоволни со тоа што го имале, а во домот биле весели а во друштвото почитувани. Имале една лична желба која им недостасувала, а која длабоко ја носеле во своето срце и за тоа на Бога Му се молеле. Тоа било желба и молитва Господ да им дарува пород. И таа желба им ја исполнил Бог. Во [[1497]] година им се родило машко дете, на кое му го дале името Георгиј.
 
Кога малиот Георгиј навлегол во шестата година, родителите го дале на училиште. Во тоа време училиштата работеле и во црквите и манастирите. Кога Георгиј го добил потребното образование, неговиот татко го дал на златарски занает, како би можел самиот да си заработува за живот. Како што Георгиј имал надворешна убавина, тој исто така поседувал и внатрешна интелектуална способност и многу брзо го научил занаетот. Татко му умрел додека Георгиј бил млад, а него го оставил на неговата мајка. Во турската империја, на секоја петта година, турскиот султан испраќал свои луѓе по земјите христијански, кои ги одбирале најубавите и најумните момчиња, а потоа ги потурчувале, pревоспитувале и од нив создавале многу силна армија, позната под името - јаничари. Заради тоа, мајката на Георгиј сакала својот син да го засолни во поголем град, како би можела да го одмине оваа чаша на злото. Златарот Георгиј заминал од Кратово во Софија и таму се настанил кај отец Петар, учен и побожен свештеник, каде уште повеќе ја запознал својата вера, утврдувајќи се во љубовта Христова. Но и таму, младиот Георгиј, многу брзо паднал во очи на мухамеданците, кои сакале ова прекрасно момче да го потурчат. За таа цел избрале еден учен учител да води разговор со Георгиј, да го превоспита, убеди и доброволно да го прими исламот.