Разлика помеѓу преработките на „Свети Јоаким Осоговски“

с
→‎Житие: врска
с (уф)
с (→‎Житие: врска)
== Житие ==
 
Житието на Јоаким Осоговски е зачувано во неколку ракописи, а најстариот потекнува од (XIII [[минеј]]) па од XV век кој бил пронајден во Синодолната библиотека во [[Софија]]. Но овој ракопис не бил целосен. Постои и белградски препис од XVI век кој бил повеќе пати реиздаван со српска рецензија. Инаку [[Стојан Новаковиќ]] сметал оти житието било составено некаде во XV или XVI век, кога дошле [[Турци]]те, бидејќи во текстот се споменуваат разрушувања на манастири од страна на Агарените. Но, поради тоа што во сите преписи овој сегмент со Турците не се среќава, сосем оправдан е ставот на Иванов кој смета оти овој сегмент е вметнат подоцна, а самиот текст датира пред ЏИВ век. Во разновидните преписи на житијата и списите Јоаким се ословува некаде како Осоговски (според планината Осогово), а некаде како Сарандопорски. Во однос на времето во кое живеел Осоговски има повеќе претпоставки, така според Иречек Јоаким живеел во XI век, а умрел некаде кон крајот на истиот век.
 
Житието не посочува од каде дошол Јоаким во Осогово. Биографот забележал "светителот се устреми како многу светла ѕвезда од запад кон исток и пристигнал во Осоговските планини и пустини".
97

уредувања