Велес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
КУД- КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА
с Отстрането уредувањето на 92.53.59.87, вратено на последната верзија на Raso mk
Ред 307:
 
 
===Архитектура===
Едно од најдобрите и нај културните уметнички друштва е и КУД ,,Вила Зора‘‘
[[File:Veleshki varnalii.jpg|мини|десно|250п|Варналиите]]
[[File:Vesovi house in Veles.jpg|мини|десно|250п|Куќата на Шукареви]]
[[File:New Veles house.jpg|мини|десно|250п|Нова куќа во Велес со примеси на старата и новата македонска архитектура]]
Од крајот на [[18 век|18]] до почетокот на [[20 век]], како резултат на развојот на трговијата и миграцијта на неимарските тајфи, во Велес се развива специфична градска архитектура. Типични примери се:
====Комплекс Варналиите====
;'''Куќата на Паунови'''
Изградена е во [[1868]] година, во месноста Варналиите. Основата на куќата е правилна и се развива во три нивоа. Куќата е пространа, составена од приземје и два ката. На неа доминира чардакот и прозорците. Особено е впечатлив е ентериерот во кој доминираат детали од традиционалното градителство. Со цел да се долови впечатокот на традиционалната градска архитектура општина Велес ја реставрираше фасадата на куќата на Паунови.
 
;'''Куќата на Тренчови'''
Изградена е истовремено со куќата на Паунови. Поради специфичниот терен, куќата е отворена кон улицата со тесна фасада и покрај приземјето има уште два ката. Приземјето и првиот кат се направени од камен. На вториот кат доминираат прозорците, архитектонската графика и опшивниот венец. Архитектонското решение на вториот кат е особено впечатливо и во него доминира одаја со седум прозорци свртени кон улицата. Фасадата на куќата чиј ентериер е исполнет со традициолно изработена покуќнина е реставрирана.
 
;'''Куќата на Прнарови'''
Изградена е во [[1868]] година на три нивоа со специфична неправилна форма во основата. Поплочениот двор на приземјето е отворен простор поврзан со улицата. Централно место во архитектонското решение зазема чардакот кој ги спојува сите одаи . На вториот кат доминираат големи прозорци и исфрлена стреа со декоративни елементи на флора и фауна која завршува во покривот. Обновената фасада на куќата на Прнарови се одликува со еркерно исфрлени катови.
 
====Други====
;'''Куќите на Ѓоргови'''
Лоцирана во центарот на Велес, куќата на семејството Ѓоргови е изградена во [[1930]] година по примерот на европскиот модел на градска куќа од тој период. Куќата има јавно приземје, два приватни стамбени катови и мансарда.
Веднаш до неа се наоѓа втората куќа на семејството Ѓоргови, изградена во [[1928]] година, исто така, по европски модел на градска куќа со приземје и два ката. Основата на куЌата е асиметрична , а фасадата симетрична и убаво обликувана, со венец околу прозорците.
 
;Куќата на Шукареви
Изградена е во [[1927]] година во центарот на Велес и се смета за еден од најубавите објекти во Велес. Оваа куќа се одликува со симетрична фасада, со специфични декоративни елементи. Во централниот дел доминираат завршните елементи со декоративна пластика, полна ѕидана ограда и ковано железо. Денеска фасадта на куќата е обновена. Куќата има јавно приземје во кое се сместени продавници и приватни стамбени катови со завршеток од таван или мансарда. Малтерисаната фасада во окер жолти тонови е обновена.
 
====Велешко кале====
Повеќе од две илјади години имало живот на велешкото Кале, од рано христијанскиот период па се до средината на [[19 век]], покажуваат археолошките истражувања на овој простор. Тој не е така познат како другите слични простори во земјава, но наспроти нив тука имало богат живот кој е малку истражуван. Локалитетот се наоѓа над манастирот Св.Димитрија а под него се реките Вардар и Тополка и според археолозите, најстарите велешани потекнуваат од овде. Првата населба или стариот град Велес датира од раноримскиот период. Подоцнежните истражувања говорат дека на овој простор имало жители до 19 век, кога според пишаните податоци се иселува последниот човек. Се смета дека ова место во почетокот се нарекувало [[Волос]], по словенскиот [[Велес (бог)|бог на шумите]], кои ги имало во изобилие во неговата околина, така и спротивниот рид го добил името поврзано со дрвјата и огнот Св.Илија - громовник. Каде има и шума, има и стока, па како остаток на тоа време, половина град и денес го одбележува христијанскиот празник Св.Никола кој во словенската митологија бил заштитник на стоката. Во калето се одвивал богат живот, разбирливо бидејќи бил на крстосница и на важно стратешка локација. Тој може да биде многу посетено туристичко место. Има проект и елаборат, но досега не се обезбедени средства за негова реализација. Ова се смета како контра тврдење дека градот Вила Зора се наоѓал во Овчеполието, а не тука.
 
==Опшествени институции==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Велес