Разлика помеѓу преработките на „Разговор:Македонско-одрински доброволни чети“

објаснувања
с (→‎За: ситна)
(објаснувања)
::Дискусијата покажа дека нема ниту еден извор кој го поткрепува името "македонско-одрински доброволен корпус". Од друга страна, беа изнесени поголем број на извори кои недвосмислено покажуваат дека единственото име за оваа статија треба да биде '''македонско-одринско ополчение'''. Boyan, ја критикувам твојата одлука воопшто да го отпочнеш гласањето и ја оценувам како кукавичка, бидејќи ти и сите други што сте против зборот "ополчение" не покажавте ниту еден извор во интерес на името кое очигледно само вие го претпочитате, име кое е надвор од историографската наука во Република Македонија но и во општо прифатената терминологија меѓу граѓаните и публицистите во Република Македонија. Затоа и немате никаков коментар зошто сте гласале против. А излишно е и да ве потсетувам дека нецитирањето на извори не е основа за квалитетна Wikipedia, туку за пристрастна и пропагандаторска Wikipedia. [[User:Relativefrequency|Relativefrequency]] <small>([[User talk:Relativefrequency|разговор]])</small> 17:04, 13 март 2009 (UTC)
:Википедија не е форумот, а уште помалку блогот на Подпоручик. Навистина не гледам што има тука пристрасно - дали самата конструкција доброволен корпус е пропаганда (против кого? Бугарија?). Гласањето, според мене, е во ред, нека се искаже секој '''јасно и гласно''' за тоа што поддржува: ополчение или доброволен корпус, бидејќи овој разговор би одел во недоглед. И ќе те молам, без навреди од типот кукавица или слично - ова нека ти биде предупредување. [[User:Boyan|Boyan]] <small>([[User talk:Boyan|разговор]])</small> 17:39, 13 март 2009 (UTC)
 
::Boyan, благодарам за предупредувањето. Би сакал да ти обрнам внимание на неколку работи. Прво, факт е дека зборот ополчение се употребува во македонскиот јазик. Меѓутоа тука не зборуваме дали еден збор мошне ретко или мошне често се употребува, или дали е дијалектен или е стандардизиран, туку дали е правилен или не е правилен. Треба да се разграничи правилната и неправилната употреба на било што. Второ, овој разговор не одеше и нема да оди во недоглед, туку запре бидејќи не беа понудени извори во полза на зборот "корпус". Трето, драг Бојан, конструкцијата е пропагандаторска бидејќи пропагира терминологија без да се дадат извори, што навистина ја претвора Wikipedia во блог или форум. [[User:Relativefrequency|Relativefrequency]] <small>([[User talk:Relativefrequency|разговор]])</small> 18:28, 13 март 2009 (UTC)
----
''Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии.''
482

уредувања