Комедија: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Видови Комедии: фхфгјх |
Средување. |
||
Ред 1:
{{внимание}}
Комедија е грчки збор и значи весела песна. Комедијата е вториот основен вид драма, во кој судирот, дејствието и личностите се прикажани во смешна форма. Накратко речено, во комедијата се прикажува смешното во животот. Смешните појави, обично, се случуваат поради несообразноста меѓу тоа што е нормално, вообичаено и логично и отстапувањето од тоа. Смешни, според Аристотел, се некоја грешка, некое безобразие, кои кај никого не предизвикуваат страдања и за никого не се погубни. Личностите во комедиите сакаат да се прикажат во поинаква светлина, спротивна од вообичаеното однесување, дејствување и зборување. Тие како да се надвор од реалноста, им недостасува разумен начин на живеење. Комичните личности не се одбивни, тие се смешни. Токму поради оваа своја особина тие придонесуваат драмското дејствие да разведрува, наспроти фактот што пистаелот во комедијата честопати преку хуморот сака нешто да исмее.▼
{{викифицирање}}
▲
== Видови Комедии ==
'''Комедија дел арте''' Комедијата дел арте, односно комедијата со маски, всушност, е комедија спектакл, или артистичка импровизација на кратко сценарио со клиширана содржина. Комедијата дел арте не го содржи целиот текст, туку само интригата-недоразбирањето прикажано во сценариото. Ликовите во овие комедии се: слуга и господар, слугата секогаш навидум е недоветен, препреден и снаодлив, а трговецот-скржав. Други ликови кои се појавуваат во овие комедии се: слугинка, куртизана, војник фалбаџија, недоучен учител и други. Основната интрига најчесто претставува судирот меѓу малди и стари; сиромашни и богати; бистри и глупави и друго. Главни носители на драмското дејствие биле слугите и слугинките. КОмедијата дел арте се родила во време на ренесанса, како израз на веселиот и богат ренесансен живот. Таа траела до 17 век, а потоа е заменета со реалистичката драма.▼
▲
|