Комедија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
текст
Ред 3:
== Видови Комедии ==
 
Според тоа на кого, или на што, се однесува смешното во комедиите, тие се делат на неколку видови: комедија на карактери,
комедија на нарави, комедија на интрига и комедија дел арте.
'''Комедија на карактери''' Комедија на карактери е комедија во која смешното се однесува на карактерот на главниот лик во комедијата.
Најчести негативни особини што се извор на смешното се: скржавост, лекоумност, саможивост, глупост, вообразеност, подлост, лицимерство, завидливост, мрзливост, љубоморност и друго. Кога некоја од овие негативни особини ке стане доминантен белег во карактерот на главниот лик, тогаш таа станува типичен носител на таа особина. Така, постојат комични типови на скржавци, лицемери, мрзливци и други. Најпознати комедиографи на овој вид комедии се: Тит Макциј Плаут, Вилијам Шекспир, Ж.Б. Молиер и други.
'''Комедија на нарави''' Комедија на нарави е комедија во која смешното се однесува на наравите и обичаите на одредени општествени групи и професии. За разлика од комедијата на карактери, која се занимава со исмејување на негативните особини во карактерот на поединец, комедијата на нарави се занимава со исмејување на негативните особини во карактерот на човекот како општествена единка. Комедијата на нарави има заеднички особини и со комедијата на карактери и со комедијата на интрига. Творец на комедијата на нарави е грчкиот антички комедиограф Аристофан. В. Шекспир (во 16 век) и Ж.Б. Молиер (во 17 век), исто така, пишувале комедии на нарави. Најпозната комедија на нарави од 19 век е комедијата „Ревизор“ на рускоит писател Н.В. Гогољ.
 
'''Комедија на интрига''' Комедија на интрига е комедија кога смешното во неа произлегува од повеке ситуации, во кои се вплетени повеке личности, на кои им се случуваат неочекувани пресврти и недоразбирања. Познати комедии на интрига се: „Интрига и љубов“ на германскиот писател Ф. Шилер и „Севилскиот берберин“ на францускоит комедиограф Бомарше и други.
 
'''Комедија дел арте''' Комедијата дел арте, односно комедијата со маски, всушност, е комедија спектакл, или артистичка импровизација на кратко сценарио со клиширана содржина. Комедијата дел арте не го содржи целиот текст, туку само интригата-недоразбирањето прикажано во сценариото. Ликовите во овие комедии се: слуга и господар, слугата секогаш навидум е недоветен, препреден и снаодлив, а трговецот-скржав. Други ликови кои се појавуваат во овие комедии се: слугинка, куртизана, војник фалбаџија, недоучен учител и други. Основната интрига најчесто претставува судирот меѓу малди и стари; сиромашни и богати; бистри и глупави и друго. Главни носители на драмското дејствие биле слугите и слугинките. КОмедијата дел арте се родила во време на ренесанса, како израз на веселиот и богат ренесансен живот. Таа траела до 17 век, а потоа е заменета со реалистичката драма.