Македонија (римска провинција): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Поправка заради неточност.
с Отстрането уредувањето на 77.78.11.206, вратено на последната верзија на SpBot
Ред 1:
[[Image:Map Macedonia province.png|thumb|left|215px|Провинцијата Македонија во рамките на [[Римско царство|Римското царство]], ц. 120.]]
[[Римски провинции|Римската провинција]] '''Македонија''' била прогласена во [[146 п.н.е]], по победата на римскиот генерал [[Квинт Сесилиј Метел]] над [[кралеви на Македон|македонскиот крал]] [[Андриск]] во [[148 п.н.е]] и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Провинцијата се состоела од [[Епир вет]], [[Тесалија]] и делови од [[Илирија]] и [[Тракија]].
 
Во III и IV век, провинцијата била поделена на [[Македонија Прима]] (на југ) и [[Македонија Салутарис]] (на север).
 
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на [[Македонска диецеза|Македонската диецеза]], една од трите диецези во рамките на [[Илирикумска префектура|Илирикумската префектура]] создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските провинции станале дел од [[Источен Илирикум]]. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од [[Византиско царство|Византија]].
 
Една важна личност од римска Македонија бил [[светец-патрон|светецот заштитник]] на [[Солун]], [[Димитар Солунски]], кој починал во [[306]].
 
===Стопанството во римска Македонија===
 
За време на [[Октавијан Август]] македонија долго живеела во мир, просперитет и богатство, иако нејзината економска важност полека се намалила за сметка на економската важност на нејзиниот сосед, [[Мала Азија]].
 
Стопанството значително напреднало по изградбата на патот [[Вија Игнација]], доселувањето на римски трговци во градовите и основањето на римски колонии. Царската управа донела, покрај патишта и свој систем на администрација, и економски бум, кој бил полезен и за римјаните и за македонците. Со огромни обработливи површини и добри [[пасишта]], владеачките семејства натрупале огромни богатства во општеството базирано на [[роб]]овски труд.
 
Подобрувањата на условите за живот кај работиничките класи довело до голем развој на занаетчиството во регионот. Ѕидарите, рударите, ковачите, и др. биле вработувани во најразлични сектори на стопанството.
 
Најмногу се извезувале земјоделски производи и [[стока]], додека [[железо]]то, [[бакар]]от и [[злато]]то заедно со производи како [[дрво (материјал)|дрво]], [[смола|смоли]], [[коноп]], [[лен]] и [[риба]] исто така биле извезувани. Покрај ова, друг извор на богатство биле [[пристаниште|пристаништата]], како [[Дион, Грција|Дион]], [[Пела]], [[Солун]], [[Касандреја]].<ref>http://www.unrv.com/provinces/macedonia.php</ref>
 
==Видете исто така==
*[[Македон]]
*[[Македонско-римски војни]]
*[[Демографска историја на Македонија]]
 
 
{{Античка Македонија-никулец}}
 
{{Стар Рим-никулец}}
 
 
{{Римски провинции-120 год.}}
 
[[Категорија:Историја на македонскиот народ|Р]]
[[Категорија:Историја на Македонија|Р]]
 
[[bg:Македония (провинция)]]
[[cs:Makedonie (provincie)]]
[[da:Macedonia (romersk provins)]]
[[el:Μακεδονία (Ρωμαϊκή επαρχία)]]
[[en:Macedonia (Roman province)]]
[[eo:Macedonia (Romia Imperio)]]
[[es:Macedonia (provincia romana)]]
[[eu:Mazedonia erromatar]]
[[fr:Macédoine (province romaine)]]
[[hr:Makedonija (rimska provincija)]]
[[is:Makedónía (skattland)]]
[[it:Macedonia (provincia romana)]]
[[ja:マケドニア属州]]
[[la:Macedonia (provincia Romana)]]
[[nl:Macedonië (Romeinse provincie)]]
[[nn:Provinsen Makedonia]]
[[no:Makedonia (romersk provins)]]
[[pt:Macedónia (província romana)]]
[[ro:Macedonia (provincie romană)]]
[[ru:Македония (римская провинция)]]
[[sh:Makedonija (rimska provincija)]]
[[sv:Macedonia]]
[[tr:Makedonya (Roma eyaleti)]]