Силвио Пиколомини: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ категорија
Поправка заради неточност.
Ред 1:
[[Image:Piccolomini macak24.GIF|thumb|200px|right|Грбот на семејството Пиколомини.]]
 
'''Енеа Силвио Пиколомини''' (итал. ''Enea Silvio Piccolomini'') (~1640 - 1689) бил австриски генерал познат во нашата историја како одговорен за палежот на Скопје во 1689 година. Потекнувал од познато благородничко семејство од [[Сиена]], [[Италија]]. Во австриската војска изградил кариера почнувајќи од обичен офицер до генерал. Починал од [[колера]] од која се заразил во Скопје.
 
==Потекло==
Пиколомини биле благородничко семејство од Сиена, Италија, кое за прв пат се споменува во 1220 година, кога Енгелберто д’Уго Пиколомини го добил поседот Монтенртари во Вал д’Орсија од Светиот Римски император [[Фредерик II]] како награда за своите услуги.
 
Семејството се стекнало со куќи, замоци и земја во Сиена. Подоцна, двајца римски папи доаѓаат од семејството Пиколомини: [[Пио II]] (родено име: Енеа Силвио Пиколомини, 1405 – 1464)) и [[Пио III]] (родено име: Франческо Тодесини Пиколомини, 1439 – 1503)). Покрај тоа, и еден австриски маршал потекнува од ова семејство - принцот Октавио Пиколомини (1599 - 1656). <ref>Richter, Die Piccolomini (Berlin, 1874)</ref> <ref>A. Lisini and A. Liberati, Albero della famiglia Piccolomini (Siena, 1899) </ref>
 
Во текот на [[16 век]] економската моќ и влијанието на семејството Пиколомини почнало да опаѓа.
 
==Кариера==
 
Младите благородници ја напуштале [[Сиена]] и оделе во [[Виена]] кајшто со помош на влијателното италијанско лоби добивале пониски позиции во германските регименти. Така и Енеа Силвио Пиколомини, во февруари 1660 заминал за Виена, кајшто татко му му обезбедил стан со слуга и коњи, додека младиот Енеа Силвио чекал на приеми кај императорот, царицата, архивојводата и други значајни министри. Се потпирал на авторитетот и името на своите познати претходници.
 
Конечно успеал да се зближи со министерот гроф Рабата, кој му помогнал во 1660 година да добие сосема почетничко место во неговиот полк, и покрај тоа што императорот во тоа време распуштил некои од воените единици.
 
Младиот Пиколомини настојувал да ја следи славната традиција на своето семејство. Во 1675 бил потполковник распореден во долината на [[Рајна]] кајшто Австријците воделе борби со Французите. Во 1677 бил примен на дворот на императорот [[Леополд I]]. До 1681 успеал и своите двајца внуци да ги внесе во австриската војска. <ref>[http://findarticles.com/p/articles/mi_m2279/is_n155/ai_19734145/pg_14?tag=artBody;col1 The decline of a provincial military aristocracy: Siena, 1560-1740]</ref>
До 1689. веќе бил под-генерал во австриската војска.
 
==Воени операции и палежот на Скопје==
{{main|Палежот на Скопје 1689}}
Во 1689, Пиколомини раководел со автономна армија со задача да ги освои Косово, Босна и Македонија. Ова било контраофанзива против [[Отоманската империја]] по кампањата на Турците во 1683 во која за малку ќе ја освоеле и [[Виена]]. Но, во тоа време Скопје го зафатила епидемија на [[колера]]. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Скопје било запалено и горело два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил и набрзо умрел.
 
==Референци==
{{reflist}}
 
 
[[Категорија:Историја на Македонија]]
[[Категорија:Историја на Австрија]]
 
 
[[en:General Enea Silvio Piccolomini]]