Шеќерна болест: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Andreina (разговор | придонеси)
нова статија
 
Andreina (разговор | придонеси)
с внатрешна врска
Ред 1:
'''Шеќерна болест''' или '''дијабетес''' ([[латински|лат]]. ''diabetes mellitus'' [[грчки|грч]]. διαβήτης) е хронично системско пореметување на [[метаболизам|метаболизмот]] кое се карактеризира со [[хипергликемија]], т.е. трајно зголемување на нивото на [[глукоза]] во [[крв]]та. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на [[хормони|хормон]]от [[инсулин]], односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на [[јаглени хидрати]], [[масти]] и [[белковини]] во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.
 
Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот). Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми. Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и [[панкреас]]от), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања.