ОМО Илинден: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Bogorm (разговор | придонеси)
с зашто е трудно да се разуме, дека Георги Димитров е толку либерал, колку Margaret Thatcher е комунистка?
Ред 7:
На обединувачкиот состанок се избира првото раководство: [[Стојан Георгиев Томовичин]] за претседател, [[Јордан Костадинов]] за потпретседател, и за членови на Координативниот совет [[Красимир Илиев]] и [[Стојан Бербатов]]. Во однос на името на обединетата организација, решено е да се отфрли предлогот за употреба на името „[[ВМРО]]“ поради неговото негативно значење во одредени моменти од македонската историја. Мнозинството го прифаќа името Обединета македонска организација „Илинден“.
 
По падот на комунизмот, во Бугарија завладува голема еуфорија, а кај Македонците се раѓа надеж дека конечно ќе можат да ги повратат националните права од времето на полибералниоткомунистичкиот режим на [[Георги Димитров]]. До [[10 мај]] 1990 година, ОМО „Илинден“ во своите редови има околу седум илјади членови, меѓу кои се и познатите активисти [[Сократ Маркилов]], [[Илија Кочев]], [[Георги Сухарев]], [[Панде Илиев]], [[Иван Тимчев]], [[Кирил Богов]], [[Иван Тасев]] и [[Атанас Доганов]].
 
Од самиот почеток ОМО „Илинден“ се соочува со големи потешкотии во својата дејност. Првиот голем удар организацијата го добива одвнатре, со предавството на Красимир Илиев кој работи за Бугарските безбедносни органи. Бугарските судови и натаму одбиваат да ја регистрираат, додека политичарите и медиумите ја прогласуваат за „сепаратистичка и антибугарска организација, а нејзините членови за „платеници на странските тајни служби“. Често пати нејзините членови се апсени и физички малтретирани{{факт}}.