Љубка Рондова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
..
.
Ред 11:
починал-место= |
}}
'''Љубка Рондова''' е родена во [[костур]]ското село [[Шестево]] (на грчки Сидирохори), [[Грција]], во 1936 година. Во 1948 година, за време на грчката граѓанска војна, влегува во групата на таканаречените деца-бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во [[Полска]] и [[ЧехијаЧешкаа]]. Завршува славјанска филологија на Карловскиот универзитет во [[Прага]]. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се востановува во [[Бугарија]] и таа работи како туристички водич, преведувач, редактор и служител во оддели за култура во различни организации.
 
Нејзиниот сериозен пат на народна певица започнува по преселувањето во [[Софија]], кога се зачленува во најстариот ансамбл во Бугарија за народни песни и танци “Гоце Делчев”. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Тука, во средина на бугари иселеници од сите македонски краишта, таа го оформува и го збогатува својот репертоар на песни, изграден во основа врз песни, наследени од мајка и и баба и, а ги усовршува и своите изведувачки способности.