Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 148:
 
:::Епа тогаш ти кажувам дека сите статии поврзани со македонски филмови на нашава википедија се превземани од МИФЦ. --[[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])</sup> 12:27, 29 ноември 2008 (UTC)
 
== Оскарите и статии поврзани со нив. ==
 
Здраво на сите. Знам дека проектов веќе подолго време „не е во функција“, но сепак мислам дека право место за дискутирање на овој „проблем“ е тука. Ако прашањево го поставив на страницата за разговор нема да бев сигурен дека ќе беше забележано така што... Значи прво сакав да прашам за преводот на следниве неколку „поими“. '''Hotel Roosevelt''', '''Kodak Theatre''', '''Academy of Motion Picture Arts and Sciences''' и сл. Првите два поими секако дека знам како се преведуваат, Хотел Рузвлет и Театар Кодак, тоа е едноставно, но вистинската причина што прашувам за превод на овие поими е тоа што во контекстот на една реченица некако овие не се совпаѓаат.
*Пример, ''Првото доделување на Оскар наградите се одржало во:
**а)'''Т'''еатарот Кодак
**б)Кодак '''Т'''еатарот
**в)Кодак театарот или пак
**г)Според нашиот „Драмски театар“ да биде Кодак '''т'''еатар или Кодак '''Т'''еатар
Истово важи и за Хотел Рузвелт. Е, сега за академијата. Самата статија се вика '''[[Академија за Филмски Уметности и Наука]]''' и секаде каде што се споменува оваа академија вака стои со сите големи букви. Дали правилно би било '''Академија за филмски уметности и наука''' или пак? Да не набројувам како за минатото само кажете како треба или барем како мислите дека треба. Потоа би сакал да се усогласиме во врска со именувањето на статиите поврзани со сите изданија. Овој пат морам пак да набројувам (знам дека е мачно за читање:)):
*81то доделување Оскар/Награда на академијата
*81 доделување на Оскарите
*81 доделување на наградите Оскар
*81 издание Оскар
*81 церемонија на доделување на наградите Оскар
*Осумдесет и првото доделување на наградите Оскар
*Осумдесет и првото издание Оскар
*Осумдесет и првата церемонија на доделување на наградите Оскар
Исто така [[Корисник:ESC|корисникот ESC]] базирано на мислам бугарскиот формат на именување на овие статии ги именува како '''Оскар (награди, 2009)''', за кој јас немам ништо против само мислам дека некои од горе наведените е подобар, од тоа произлегуваат и следниве формати:
*Оскар (награди, 2009)
*Оскар, 2009
*Оскар награди, 2009
Ако имате други предлози слободно кажете ги!
 
Јас мое мислење во врска со Кодак театарот и Рузвелт Хотелот немам, затоа како што вие ќе кажете така и нека биде, истото важи и за Академијата, а што се однесува за ова другово јас би ги одбрал варијантите со бројка однапред, но дискутирав со корисничката Виолетова и таа рече дека правилно е да се пишуваат со букви сиве овие работи затоа гласам за варијантата '''Бројка/Букви доделување на наградите Оскар''', но и за ова велам како ќе каже мнозинството така и нека биде. Мислам дека друго во врска со Оскарите што претставува проблем нема така што ова е се што ме „мачи“. Затоа би било прекрасно ако го дадете своето мислење. И мислам дека ако се договориме за формат на имињата на статиите поврзани со сите изданија на Оскарите можеме тој формат да го користиме и за другите, филмски а и други награди. На пример '''Осумдесет и првото доделување на Бафта наградите''' итн. --[[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])</sup> 22:55, 27 февруари 2009 (UTC)
Назад на проектната страница „ВикиПроект Филм“.