Сѐ ќе биде добро: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
'''Сѐ ќе биде добро''' ([[хрватски|хрватски јазик]]: '''Sve će biti dobro''') е [[Хрватска|хрватска]] [[теленовела]]. Серијата ја имаше својата [[Балкан|Балканска]] премиера на [[22 септември]], со започнување на прикажување во [[Србија]], [[Македонија]] и секако [[Хрватска]]. [[Македонија]] моментално ја емитува серијата на [[А1 телевизија]].
 
== Синопсис ==
Приказна за љубовта, пријателството и ривалството, исполнето со драматични пресврти кои ќе го одбележат пријателството, а подоцна и ривалството на двајца пријатели. Нивните животи во почетокот се неповрзани, но со тек се откриваат низа врски од минатото кои се одразуваат и во сегашноста.
Матко Бебиќ и Зоран Фабрис се пријатели и бизнисмени, но работата ќе го прекине нивниот однос. Поради недоразбирање, Зоран ќе наседне на трикот на Матко и од успешен архитект, ќе дојде на работ на егзистенција. Матко станува успешен градежен бизнисмен, со среден семеен живот. По дваесет години, двајцата некогашни пријатели се среќаваат поради заеднички интерес, но улогите се менуваат. Пријателството го заменува омраза и желбата за одмазда поради уништениот живот. Зоран ја запознава новинарката Мира Радиќ и со нејзина помош, се враќа во живот, добива нова работа и решава да му се одмазди на Матко на истиот начин - — да го уништи преку бизнисот, но и да му се одмазди за смртта на неговата сестра Марија, инаку првата сопруга на Матко, која починала за време на породувањето, а Зоран не сторил ништо за да и помогне. Судбината не сакала Матко долго да тагува по сопругата. Невенка Аугустиничиќ влегува во неговиот живот кога му е потребна помош за синот Славен. Од стажантка, таа станува успешна докторка, која со Матко ја добива ќерката Сунчица. Таа го наследува нејзиниот татко Јосип во струката и се посветува на семејството. Синот Славен израснува во момче со бурен темперамент и желба да стане музичар, а неговата љубов со новинарката Кристина нема да помине без последици. Неговата полусестра е типична разгалена богаташка, а Матко родителската љубов и ја заменува со парите кои таа безмилосно ги троши на ноќен живот и со сомнително друштво и се вљубува во нејзиниот класен раководител. Бракот на Невенка и Матко влегува во криза, кога таа сфаќа дека тој е сосема подреден на работата, а семејството му е во втор план и чувствува дека тој никогаш не ја преболел починатата сопруга. Истовремено во болницата се случуваат и смени и доаѓа новиот шеф кој дава нов распоред, па нејзиното место како шеф на одделот е загрозено од ривалката Бојана Кирин, со која влегува во многу конфликти. Заедно со неа, таа ќе се соочи и со новите ривали, главната медицинска сестра Тамара Ручевиќ и младиот специјалист Антон Кучера, кого повеќе го интересираат медицинските сестри, одошто пациентите кои треба да ги лекува. Емоционално несигурна, Невенка се повеќе се оддалечува од сопругот, а тој со тек на време, сфаќа дека неговиот брак не функционира и почнува да се преиспитува дали го направил вистинскиот чекор. На Матко, додатни проблеми му прави и неговиот помошник, кој му работи зад грб и ја искористува неговата секретарка Љубоца и новинарката Кристина која ќе предизвика и неколку трагични ситуации. Во животот на семејството Бебиќ ќе дојде и фаталната Кармен со дете за кое не се знае чие е, дали на Матко или Зоран.
 
==Улоги==