Википедија:Заштита на личните податоци: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Дискусии: Јазична исправка, replaced: ефективно → делотворно
с →‎Пристап до и издавање на лични податоци: Правописна исправка, replaced: спротистав → спротивстав (2)
 
Ред 106:
Како општо начело, пристапот и задржувањето на личните податоци за идентификација во сите проекти треба да биде минимален и треба да биде користен само внатрешно за да служи за доброто на проектите. Сепак, понекогаш Фондацијата може да добие налог или друго задолжително барање од органите на законот или еквивалентен владин орган кој бара откривање на информациите за некој регистриран корисник и може да биде обврзана преку законот да го изврши таквото барање. Во случајот на такво правно задолжение, Фондацијата ќе направи обид да го извести корисникот за кој станува збор во рок од три дена по пристигнувањето на таков налог преку праќање на известување преку е-пошта до е-поштенската адреса (ако постои) која корисникот ја навел во неговите или нејзините кориснички нагодувања.
 
Фондацијата не може да даде правен совет на корисник кој добива такво известување или совет за соодветен одговор на налогот. Фондацијата сепак забележува дека таквите корисници го имаат законското право да се спротиставатспротивстават на налогот или да ги ограничат информациите преку судска жалба. Корисниците кои ќе посакаат да се спротиставатспротивстават на налогот или на друго правно задолжение треба да побараат правен совет за нивните права и процедурите кои можат да бидат пристапни.
 
Ако Фондацијата добие судско решение за одбивање или ограничување на налогот како резултат на постапка на корисникот или неговиот адвокат, Фондацијата нема да ги открие бараните информации сè додека Викимедија не добие наредба од судот да го стори тоа.