Пловило: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Пропулзија: Јазично подобрување, replaced: нуклеарен → јадрен
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека: Polarfront.jpg|мини|Брод]]
 
'''Пловило''' или '''пловен објект''' направа којашто плива, плута и се движи по површината на водата или заронува и се движи под нивото на површината на водата.<ref name="Козара">Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.</ref><ref name="Сибир">Група аутора, [[Мала енциклопедија Просвета]], Просвета, Београд, 1959.г.</ref>
 
== Пловност ==
Постоењето на пловила го овозможува појавата која се вика пловност. Секое тело, со помала специфична тежина од течноста во која е заронето, останува на површината плива.
 
Телото зазема одредена положба на рамнотежа под влијание на две сили: тежината на телото и узгонот ([[Архимедов закон]]). Метацентарот ја одредува стабилната положба на телото кое плива. Тоа е точката во која насоката на делувањето на узгонот на телото, кое е извадено од положба на рамнотежа, ја сече насоката на тежишната линија во положба на рамнотежа. Ако метацентарот е над тежиштето, тогаш се јавува пар сили кои го враќаат телото во положба на рамнотежа и пливањето е стабилно. За да се постигне што поголема висина на метацентарот над тежиштето, а со тоа и стабилност, се градат пловила на кои тежиштето им е што пониско, а обликот на трупот што поповолен. Меѓутоа, во ова има граница, бидејќи времето на клатење околу положбата на рамнотежа е дотолку поголемо колку што е метацентарот повисок, а тоа е непогодност за стабилност и сигурност на пловидбата.<ref name="Козара"/>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пловило