Атентат врз Франц Фердинанд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
 
Ред 16:
'''Атентатот врз надвојводата Франц Фердинанд од Австрија''' — '''Сараевски атентат''' кој довел до избувнувањето на [[Првата светска војна]] се случил на 28 јуни 1914 во [[Сараево]], во тогашна [[Австроунгарија]]. Надвојводата [[Франц Фердинанд]], кој бил и престолонаследник на австроунгарскиот престол, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отворен автомобил, и двајцата биле застрелани и убиени од [[Гаврило Принцип]], еден од групата од шест заговорници предводени од [[Данило Илиќ]].<ref>Милорад Екмечић, Стварање Југославије 1790–1918, кн. 2, стр. 685.</ref>
 
Политичката цел на атентатот била да се принуди Австроунгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на [[Голема Србија]] или [[Југославија]].<ref>Владимир Ћоровић, Односи између Србије и Аустро-Угарске у ХХ веку, стр. 629.</ref> Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како [[Млада Босна]] и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава - Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање [[Драгутин Димитријевиќ - Апис]]. Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот.
 
Атентаторите и заговорниците кои биле уапсени, осудени и казнети во Сараево во октомври 1914, а останатите ги осудила Србија во 1916-1917 година, во привремен суд во Солун, тогаш под француска окупација. Она што се знае за атентатот главно доаѓа од овие судења. Иницијаторите и причините за атентатот се многу деликатно прашање, бидејќи овој настан довел до почетокот на [[Првата светска војна]], кога Австроунгарија, предизвикана од атентатот, ѝ објавила војна и ја нападнала Србија еден месец подоцна.<ref>Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 83 - 93.</ref>