Маркијан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Управување: Јазична исправка, replaced: постанал → станал
с →‎Први години: Јазична исправка, replaced: източ → источ
Ред 24:
== Први години ==
 
Маркијан имал тракиско потекло и бил син на некој војник кој служел на империјата. Влегол во армијата како млад човек и ја започнал својата кариера како обичен маринец. Поголемиот дел од својот живот го поминал во походи и војни<ref name="ReferenceA">[[Евагриј Схоластик|Евагриј]]: 2; 1</ref>. За време на Персиската војна од 420-422 година служел во източноримскатаисточноримската армија под команда на [[Ардабур]]. Подоцна, во 443 година учествувал во походот на [[Аспар]] во [[Африка]] каде бил заробен од страна на Вандалите, но бил пуштен од самиот крал Гејзерик кој, како што гласи преданието, прв претскажал дека Маркијан еден ден ќе стане цар. Во замена, Маркијан се согласил никогаш повеќе да не војува против [[Вандали]]те.
 
Во следните години, Маркијан станал генерал, по кое добил ранг на сенатор и станал началник на царската стража на Теодосиј II. Кога царот Теодосиј II починал, неговата сестра Пулхерија додека уште никој не знаел за смртта на царот, го повикала Маркијан и му рекла: «Бидејќи царот почина, тогаш јас те избирам тебе, како најголем достојник од сите. Дај ми збор дека ќе ја почитуваш мојата девственост која сум ја ветила на Бога, а јас ќе те прогласам за цар. Маркијан се согласил со зборовите на Пулхерија по кое патријархот го прогласил за нов цар на земјата <ref>[[Теофан Исповедник]]: 443</ref>. Потоа тој стапил во брак со Пулхерија, но не ја познал како жена<ref name="ReferenceA"/>. По нивната смрт, тие се прогласени за светци од православната црква.