Љубовта е вечна: Разлика помеѓу преработките

Одземени 14 бајти ,  пред 13 години
[непроверена преработка][непроверена преработка]
(н)
 
==Синопсис==
Фернанда е најмладата ќерка на Гонзало Елизалде, газда на голема хациенда и важна млечна компанија. Едуардо е син на Соледад, нивната слугинка. Двете деца биле заедно одгледани, без разлика на нивните класни разлики, бидејќи тие се споени од една чиста и невина љубов. Гонзало е женет и има среќен живот со неговата сопруга Монсерат и нивните 5 деца, свесен на опасностите што го чекаат. Артемио Браво го мрази Гонзало и единствената негова цел е да ја уништи цела фамилија Елизалде, полека и болно. Неговиот прв шпион за таа перверзна игра е Ребека Санчез, бескрупулозна млада жена која ја осигурува позицијата во компанијата на Гонзало под името Барбара Греко. Нејзината способност, делотворност и остар карактер го маѓепсува Гонзало и ја вработува како негов личен асистент. Со текот на времето таа ја добива целата негова верба. Првите почетни цели на Барбара се Фернанда и Едуардо. Фаќајќи ги двајцата во млад невин бакнеж, таа му кажува на Гонзало дека тој е опасност за неговата ќерка и дека треба да оди во воено училиште надвор од градот. Но детските писма кои Едуардо и ги праќал на Фернандо се стопирани од Соледад, неговата мајка, сфаќајќи го тоа дека таа љубов е невозможно, додека пак Фернанда помислува дека тој целосно заборавил на неа. Следниот потег на Артемио т.е наредба која мора да ја изврши Барбара е тоа таа да стане кралицата на Гонзало, а тоа значи дека Монсерат мора да умре. Барбара ја убива Монсерат со перница, а на згора на се и поставува на ќерката на Гонзало, Лилијана, дрога и ја укривува како виновникобвинува за смртта на мајка и. Поради тие дроги и апчиња, Лилијана ја носат во психијатриска болница каде и покрај нејзиното добро здравје таа таму се пореметува. После некое време, Гонзало се венчава за Барбара и и дава место во одборот на неговата компанија. Соледад е единствената која ги сфатила и ги знае сите злосторства на БарабраБарбара, но таа е присилена да ја крие тајната. Со години таа живее во мирен страв, и недостасува нејзиниот син Едуардо и е под закана дека ако каже за злосторствата на Барбара, нејзиниот син ќе биде убиен. Времето поминува и Едуардо се враќа наконпосле завршувањето на магистритемагистратурата во странство, само како би дошол кај својата мајка која е тешко болна. Таа му кажува за нејзините стравови и тој решава да стави се под ред. Барбара добива свој нов соучесник, Дамјан, како би се заљубил во Фернанда и ќе се ожени за неа. Користејќи го името Франко Санторо, Едуардо добива уклучувањевработување во фирмата на Гонзало и е решен да ги открие маскираните лица на сите одговорни за злосторствата и неговото минато. Фернанда е привлечена од новиот дојденик, и наскоро дознава дека детската љубов никогаш не загинала. Пред нејзината смрт, Соледад и дава на Лилијана мал ковчег каде се чуваат сите тајни и неволји, во надеж дека еден ден ќе се ослободи и ќе ги каже сите гревови кои и го уништија животот. Недолго после тоа, Едуардо со помош на Лилијана им ја откриваат Барбара на полицијата. Но во откривувањата се дознава дека Артемио е полубрат на Гонзало и дека неговата цел е да го уништи него и неговата фамилија. Дамјан и Барбара продолжуваат со своите завери. Црниот облак кој виси над семејството Елизалде е конечно подигнат, но ништо нема да стои на патотопатот кон среќата на Едуардо и Фернанда, бидејќи тие знаат дека најголемата сила е вистинската љубов. Денес можеби е невозможно... но утре е засекогаш.
 
==Улоги==
57

уредувања