Геном: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: протеинибелковини
с →‎Еукариотски геноми: Правописна исправка, replaced: ајце клетк → ајце-клетк
 
Ред 25:
Кај еукариотите кои се размножуваат полово, прогенските организми добиваат дел од нивната генетска информација од секој родител, преземајќи една половина од информацијата. Овие половини од секој родител го градат [[хаплоид]]ниот комплемент. Тој може да се претстави како "С вредност", што го изразува хаплоидниот комплемент како количина на ДНК мерена во базни парови. Исто така, хаплоидниот комплемент може да се изрази како број на хромозоми добиени од секој родител: овој број на хромозоми е карактеристичен за секој вид. Друг начин на изразување е преку вкупниот број на гени на хаплоидниот сет од хромозоми.
 
Секој вид има карактеристичен број на хромозоми. За видови со генетски одредени полови, хаплоидниот сет се состои од [[автозом]]ни хромозоми и [[полов хромозом|полови хромозоми]]. [[Човек]]от (''Homo sapiens''), на пример, има 22 пара на автозоми и пар на полови хромозоми ([[X-хромозом|X]][[Y хромозом|Y]]). Хаплоидната содржина на ДНК кај [[шимпанзо]]то е речиси идентична со онаа на човекот, но е организирана во 23 пара на автозоми и еден пар полови хромозоми. Најмал број на хромозоми во [[кариотип]]от се среќаваат кај еден подвид на [[мравка]]та, ''[[Myrmecia pilosula]]''. Женките имаат еден пар на хромозоми, додека мажјаците имаат само еден хромозом. Како и некои други претставници од [[инсект]]ите, така и овие мравки се размножуваат по пат на [[хаплодиплоидија]], при што диплоидната оплодена јајце -клетка се развива во женска единка, додека хаплоидните неоплодени јајца се развиваат во машки единки.
 
Видовите со најголем број на хромозоми припаѓаат на растителното царство, како резултат на една состојба позната како [[полиплоидија]]. При полиплоидијата, со текот на времето можат да се создадат многу повеќе парови на хромозоми над нормалниот [[диплоид]]ен број. Диплоидниот број на хромозоми на некои сорти на [[пченица]]та изнесуваат 14, 28 или 42 (умножувања на хаплоидниот број, кој изнесува 7). Полиплоиди се многу култивирани растенија, како [[компир]]от, [[јагода]]та, [[памук]]от, како и некои диви растенија (на пример, [[глуварче]]то). Полиплоидијата довела до појава на огромен број на хромозоми, а вид со најмногу хромозоми воопшто е [[папрат]]от ''[[Ophioglossum reticulatum]]'', кој има приближно 630 парови на хромозоми.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Геном