Вудсток (фестивал): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: асположив → асположлив
с →‎top: Јазична исправка, replaced: подоле → подолу
Ред 26:
'''Фестивалот'''
 
Приливот на посетители на концертот во руралното гратче Бетел создаде огромен сообраќаен метеж. Стравувајќи од неред бидејќи илјадници започнаа да доаѓаат во градот, Бетел се откажа од своите прописи и правила. Конечно, објавите на радио станиците сè до Менхетен и сликите за сообраќајниот метеж на телевизиските вести, ги обесхрабри луѓето во помислата да тргнат кон фестивалот. Арло Гатри даде изјава која беше вклучена ви филмот и рече дека автопатот во државата Њујорк е затворен. Директорот на музејот Вудсток споменат подолеподолу рече дека тоа никогаш не се случило. Како капак на проблемите и тешкотиите во справувањето со толпата, скорешните дождови предизвикаа кал по патиштата и полињата. Локацијата не беше опремена со санитарии и прва помош за толкав број на луѓе, со што стотици и илјадници се најдоа во ситуација да се борат со лошото време, недостигот на храна и лошите санитарии.
Утрото, во недела, 17 август, гувернерот на Њујорк, Нелсон Рокфелер го повика организаторот на фестивалот, Џон Робертс, и му кажа дека размислува да доведе 10 000 членови од Националната Гарда на Њујорк на фестивалот. Робертс успеа да го наговори Рокфелер да не го направи тоа. Округот Саливан прогласни вонредна состојба.
„Бевме подготвени да почнеме. Чекавме и чекавме и конечно дојде и нашиот ред... ... половина милион луѓе спиеја. Тие луѓе беа таму, надвор. Сè прилегаше на слика од „Пеколот“ на Данте, само тела како од пеколот, сите сплеткани, помешани и заспани, покриени со кал.