Ерих Кестнер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.2
Откажано уредувањето 3298161 на уредникот Bjankuloski06 (разговор)
Ознака: Отповикано
Ред 15:
| period = 1928–1969
| genre = [[детска книжевност]], поезија, сатира, сценарија
| subject = <!-- белетристикаnonfiction -->
| notableworks = <!-- {{простсписокplainlist|
*
}} -->
Ред 38:
 
==Книги за деца==
Ерих Кестнер е оптимист, но тој не го идеализира ни животот ни детскиот свет. Тој не пишува за да им се допадне на децата, туку за да им ги открие вистините за животот. „Емил и детективите“ е првото дело со кое Кестнер станал славен не само во својата татковина, туку и низ светот. Книгата содржи интересна галерија на јунаци: мајката на јунакот госпоѓа Фишбајн, инаку фризерка, неговата баба, братучедот Хигхен, останатите деца-детективи, крадецот Грундајс и други. Емил е без татко и уште од пет години за него се грижи неговата мајка која сака Емил да не почувствува дека е со еден родител. Емил е одличен ученик. Кестнер возбудливо и едноставно раскажува как опатувајќи во воз, додека спие човекот со тврда шапка, Грундајс му ги краде парите, и како детективите го фаќаат. Во фабулата се преплетуваат можното и неможното. Некои критичари овој роман го нарекоа „хигиенска книга“ после толку нездрави книги за деца.
 
Кестнер не сака да им робува на шемите при цртањето на ликовите. Во детскиот свет нема шеми, па не може да ги има ни во [[книжевност за деца|литературата за деца]]. Кестнер не го изолира детето од средината, туку секогаш го согледува во соодноси, во интеракции. Тоа конкретно се гледа од неговиот роман „Летечкиот клас“ во кој се зборува за животот во интернат, за пречекот на Новата година, за другарството. Таков е и романот „Тончек и Точкица“, каде со живи реалистични бои се насликани водечките јунаци од насловот на овој социјален роман. Тончек е дете на сиромашни родители, а Точкица на богати. Но децата не се виновни за својата социјална припадност, но сепак тоа ќе се одрази врз нивните детски симпатии.