Палиград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ред 48:
 
{{Пописи|230|96|619|631|472|418|407|10|397|303|12}}
 
=== Родови ===
Палиград е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
 
* '''Доселеници:''' ''Бељозе (11 к.)'' се меѓу најстарите доселеници во селото. По потекло се од [[Албанија|северна Албанија]]. Во родот се знае следното родословие. Рамиз (жив на 55 год. во 1951 година) Дурмиш-Таир-Сејди-Балто, основачот на родот кој се доселил. Нивното населување може да датира некаде кон крајот на 18 век. Имаат свои иселеници во соседната населба Круша, и во селото [[Морани]]; ''Селимлар (13 к.)'' доселени во исто време кога и претходниот род. По потекло се од северна Албанија; ''Љуше (8 к.)'' доселени се од северна Албанија. Го знаат следниот родослов. Сулејман (жив на 75 год. во 1951 година) Бекир-Синан-Љушо, основачот на родот. Во овој род имало човек Сали Ќаја кој бил најголем сточар во селото. Имал околу 300 овци, 200 кози, 100 говеда, 20 коњи, како и задруга од околу 30 членови. Иселеници од овој род има во Морани и во Скопје (2 семејства); ''Мусалар (17 к.)'' потекнуваат од северна Албанија. Најстари предци во овој род биле Мусо и Бислим. Го знаат следното родословие. Рамадан (жив на 47 год. во 1951 година) Јонуз-Кајил-Мусо, кој се доселил со братот Бислим; ''Дуракалар (12 к.)'' по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од средината на 19 век; ''Бељулар (9 к.)'' по потекло се од северна Албанија, овде живеат од кога и претходниот род. Имаат иселеници во Моране; ''Лиманлар (10 к.)'' по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од кога и претходните родови.<ref name=":2">{{Наведена книга|title=|others=Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет.}}</ref>
 
== Иселеништво ==
Албански иселеници од селото има во Морани, Скопје (8 семејства) и во [[Велес]].<ref name=":2" />
 
== Наводи ==
{{наводи}}