Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: одколку → отколку
с →‎Сицилиска Експедиција: Исправен поим, replaced: Медитеран → Средоземје (2), земје]]от → земје]]то, иот [[Средоз → ото [[Средоз
Ред 30:
===== Сицилиска Експедиција =====
 
Следната година, пратеници од градот [[Сегеста]] на [[Сицилија]] пристигнале во [[Атина]] да побараат воена помош во нивната борба притив најмоќниот град на островот - [[Сиракуза]]. Грчките градови во [[Сицилија]] биле дел од големата мрежа на грчки колонии во [[МедитеранСредоземје]]отто формирани во раното [[железно доба]]. Околу 415 г. п.н.е. [[Сиракуза]] која пак била [[Дорци|Дорска колонија]], се обидувала да го прошири нејзиното влијание на другите градови во [[Сицилија]], што значело дека доколку таа добие супрематија на [[Сицилија]], и [[Спарта]] ќе ја има нивната наклонетост. Покрај фактот што [[Сиракуза]] била сојузник на [[Спарта]], на [[Атина]] и била неопходна поддршка од надвор за самиот нејзин опстанок. За разлика од течението на реката [[Еурота]] која во [[Спарта]] обезбедувала плодни региони, [[Атика]] подолго време се соочувала до недостаток на вегетација и плодно земјиште, поради што тамошното население во урбанизирана средина се соочувало со сериозни недостатоци на многу продукти. Основни производни дејности биле виното и маслинките кои заедно со грнчарските производи биле користени во надворешната трговија, на источниотисточното [[МедитеранСредоземје]]. Воспоставувањето на нови колонии на плодни региони или стекнување зависност од веќе постоечките, било од големо значење. А [[Сицилија]] под доминација на [[Сиракуза]] во ова време била една од главните извозници на жито во Грчкиот свет. Со [[Сицилиска Експедиција|Сицилиската експедиција]] Алкибијад согледувајќи ја ваквата можност, го изнесол предлогот пред Атинското сообрание, убедувајќи го во поволностите и придобивките од ваквиот подфат. Пролетта 415 г. п.н.е. советит изгласал да се испрати Атинска флота, под здружена команда на Алкибијад и неговиот стар политички непријател [[Никија]]. Но една ноќ за време на подготовките за експедицијата, во Атина се случил скандал откако Атињаните ги посведочиле резултатите од сквернавење на статуите на богот [[Хермес]], во кое сите [[Херма|херми]] биле вандализирани. Атињаните не само што сметале дека ваквиот акт ја осудува на целосна пропаст Сицилиската експедиција, туку и за негов поттикнувач го обвиниле Алкибијад и неговите пријатели. Судењето било одложено, па Алкибијад со Атинската флота тргнал на [[Сицилиската експедиција]] од пристаништето Пиреј, a неговите противници успеале да го осудат во отсуство за сквернавење на хермите и [[богохулство]] за време на Елеузинските мистерии, и испратат пратеници кои ќе го повикаат назад во Атина да се појави заради спроведување на смртна казна.
 
===== Пребегнување во Спарта и Персија =====