Фруктоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Метаболизам на фруктозата во тенкото црево: Граматичка исправка, replaced: ва молекули → ве молекули
с →‎Метаболизам на фруктозата во тенкото црево: Јазична исправка, replaced: таргетиран → целен
Ред 59:
Во човечкиот организам се одржува релативно ниска плазма концентрација на фруктоза (под 0.5&nbsp;mmol·L<sup>−1</sup>), дури и во случај на зголемена конзумација на фруктоза. Периферните тиква (мускулното, масното ткиво) не го експримираат ензимот одговорен за рапидно фосфорилирање на фруктозата наречен фруктокиназа (кетохексокиназа) и можат да ја разградат фруктозата само преку ензимот хексокиназа, кој пак има значително поголем афинитет кон глукозата. Како резултат на тоа, периферните ткива поседуваат мал капацитет за метаболизам на фруктозата, па затоа фруктозата главно се метаболизира пред да навлезе во системската циркулација.<ref>{{Наведено списание|last=Gonzalez|first=Javier T.|last2=Betts|first2=James A.|date=03 06, 2018|title=Dietary Fructose Metabolism By Splanchnic Organs: Size Matters|url=https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/29514059/|journal=Cell Metabolism|volume=27|issue=3|pages=483–485|doi=10.1016/j.cmet.2018.02.013|issn=1932-7420|pmid=29514059}}</ref> При внес на помала концентрација на фруктоза, се смета дека околу 90% проценти од ресорбираната фруктоза се метаболизира во ентероцитите, најпрво до гликоза преку процесот на гликонеогенеза, како и до лактат, а потоа се експортира во порталната циркулација.<ref>{{Наведено списание|last=Jang|first=Cholsoon|last2=Hui|first2=Sheng|last3=Lu|first3=Wenyun|last4=Cowan|first4=Alexis J.|last5=Morscher|first5=Raphael J.|last6=Lee|first6=Gina|last7=Liu|first7=Wei|last8=Tesz|first8=Gregory J.|last9=Birnbaum|first9=Morris J.|date=2018-02-06|title=The Small Intestine Converts Dietary Fructose into Glucose and Organic Acids|url=https://www.cell.com/cell-metabolism/abstract/S1550-4131(17)30729-5|journal=Cell Metabolism|language=English|volume=27|issue=2|pages=351–361.e3|doi=10.1016/j.cmet.2017.12.016|issn=1550-4131|pmid=29414685}}</ref> Црниот дроб има значајна улога во метаболизирањето на фруктозата, особено при поголеми концентрации на внесена фруктоза.
 
Со транспортот преку луминалниот GLUT5 транспортер фруктозата се внесува во цитозолот на ентероцитите. Тука рапидно се подлежи на фосфорилација на -OH групата на првиот C-атом (позиција 1) од страна на ензимот кетохексокиназа (KHK) до фруктоза-1-фосфат. Со фосфорилирање на позиција 1, фруктоза-1-фосфат е таргетиранацелена како супстрат на ензимот алдолаза Б, за разлика од фосфорилирањето на позиција 6 што побарува уште едно дополнително фосфорилирање на позиција 1 за да се добие фруктоза-1,6-бисфосфат, супстрат главно на ензимот алдолаза А, ензим во гликолитичкиот пат. Алдолаза Б катализира разградба на фруктоза-1-фосфат до дихидроксиацетон-фосфат и и нефосфорилирана форма на глицералдехид. При катализа на фруктоза-1,6-бисфосфатот од страна на алдолаза А, глицералдехид молекулата се генерира во фосфорилирана форма (глицералдехид-3-фосфат). Според тоа, во ентероцитите е потребна најпрво реакција на фосфорилирање на глицералдехидот катализирана од ензимот триоза киназа. Дихидроксиацетонфосфат се изомеризира во глицералдехид-3-фосфат со што од една молекула фруктоза финално се генерираат две молекули глицералдехид-3-фосфат кои понатаму се оксидираат преку гликолитичкиот пат до пируват. Од пируватот преку процесот на гликонеогенеза се синтетизира глукоза која последователно се експортира во порталната циркулација преку GLUT2 транспортерот на базолатералната страна.
 
==== Разградба на фруктозата во црниот дроб ====