Центромер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Центромери кај животните: Јазична исправка, replaced: допринес → придонес
с Јазично подобрување, replaced: протеини → белковини (3)
Ред 6:
== Составни делови и функција ==
 
Според ова, центромерите служат како поврзувачи на сестринските хроматиди, но и како места за закачување на микротубулите од митотското вретено. Тие се состојат од специфични ДНК секвенци за кои се поврзани неколку центромерни [[протеин]]и, при што формираат специјализирана структура наречена [[кинетохор]]. Со врзувањето на микротубулите за кинетохорните протеинибелковини се насочуваат хромозомите кон митотското вретено. Овие протеинибелковини потоа дејствуваат како "молекуларни мотори" кои ги движат хромозомите долж влакната на вретеното, поделувајќи ги истите на ќеркините јадра.
 
== Центромери кај ''S. cerevisiae'' и ''S. pombe'' ==
Ред 18:
Проучувањата на хромозомите од ''[[Винска мушичка|Drosophila]]'' се првите кои дале опис на центромерите кај вишите еукариоти. Центромерот на дрозофилата опфаќа 420 kb, од кои повеќето (над 85%) се состојат од повторувачки [[Сателитска ДНК|сателитски ДНК молекули]] со секвенците AATAT и AAGAG. Остатокот од центромерот е изграден од вметнати променливи елементи, кои можат да се најдат и на други места од [[геном]]от на дрозофилата, заедно со неповторувачки регион на ДНК богата со АТ. [[Бришење]]та на сателитските секвенци и променливите елементи, како и неповторувачката ДНК, ја редуцирало активноста на центромерот. Според ова, и повторувачките, но и неповторувачките секвенци веројатно придонесуваат за образување на кинетохорот и функционирање на центромерот.
 
Центромерите кај луѓето и останатите [[цицачи]] сè уште не се опишани со функционални проучувања, но се идентификувани по врзувањето со центромерните протеинибелковини. Мамалиските центромери се карактеризираат со издолжени региони на хетерохроматин изграден од силно повторувачки сателитски ДНК секвенци. Кај луѓето и другите [[примати]], примарната центромерна секвенца е α сателитска ДНК, која е составена од 171 базен пар пореден во тандемни повторувања, протегајќи се долж милиони базни парови. Меѓутоа, точната функција на α сателитската ДНК, како и можните улоги на другите секвенци кај мамалиските центромери не се проучени. Соодветно на нивната големина, центромерите кај цицачите образуваат големи кинетохори за кои се врзуваат од 30 до 40 микротубули, додека само единечни микротубули се врзуваат за центромерите кај ''S. cerevisiae''.
 
== Надворешни врски ==