Радикал (хемија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 77.29.13.57) и ја поврати преработката 4441890 на Bjankuloski06
Ознака: Рачно отповикување
с →‎Слободни радикали и нивното дејство на ниво на клетка: Јазично подобрување, replaced: протеини → белковини
Ред 12:
Со заштитување на ДНК од дејството на радикалите, се успорува стареењето на лабораториските животни. Некои лаборатории успеале да создадат овошни муви кои живеат за една третина подолго од нормалните овошни муви.<ref name="A KNIGHT" /> Овие лаборатории, генетски ги измениле овошните муви и направиле тие да создаваат повеќе природни '''антиоксиданси'''. Антиоксидансите се молекули кои ги елиминираат радикалите, па така зголеменото ниво на антиоксидансите врши превенција на штетното дејство кое радикалите и го нанесуваат на митохондриската ДНК. Други лаборатории пак, едноставно го намалиле доводот на храна на лабораториски стаорци, што резултирало со зголемување на максималниот животен век за 50% во споредба со животниот век на стаорците на кои им е дозволено да јадат слободно.<ref name="R.J. MEHLHORN" /> [[Митохондрија|Митохондриите]], внатре во прегладнетите стаорци, не се снабдуваат со доволно материјал за да функционираат со целосен капацитет. Поради тоа, во ланецот на транспорт на електрони во митохондриите на прегладнетите стаорци се пренесуваат помалку електрони. Со помалку пренесени електрони, се создаваат помалку кислородни радикали, па стареењето се забавува.
 
Главен проблем во ''теоријата за слободните радикали и нивното влијание врз стареењето на клетките'' е неуспехот на антиоскидансите во форма на диетални додатоци, како што се [[витамин E]] и [[витамин Ц]], значително да го продолжат максималниот животен век. Поборниците на ''теоријата за слободните радикали'' сметаат дека диеталните антиоксиданси, за разлика од природните, кои ги произведуваат клетките, не успеваат да стигнат до ''митохондриската ДНК'', па затоа и не можат да ја заштитат. Интересно е што, иако антиоксидансите кои се користат како додатоци во храната не успеваат да го зголемат максималниот животен век, ги зголемуваат шансите за проживување на тој максимален животен век. Ова веројатно се должи на антиоксидантната заштита од оштетување на другите делови од клетката, како што се клеточните протеинибелковини и мембраните, од страна на слободните радикали.<ref name="R.J. MEHLHORN" />
 
== Антиоксиданси и нивното дејство на ниво на клетка ==