Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Отстранета категорија
с →‎top: Правописна исправка, replaced: одколку → отколку
Ред 17:
'''Алкибијад''' ([[старогрчки јазик|грчки]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης; 450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) бил истакнат атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]], но откако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[сатрап]]от [[Тисаферн]] сè додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (стратег), но по неколку години на неговите политички противници им успеало по вторпат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколкуотколку со опсада. Но неговиот талент на многупати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
 
=== Рани години ===