Ѓорѓи Гаврилски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
ситна поправка
 
Ред 14:
По ослободувањето, Ѓорѓи Гаврилски се вратил во Свети Николе, но набргу бил повикан да учествува во организирањето на македонскиот [[Медицински факултет - Скопје|Медицински факултет во Скопје]]. Во мај 1945 година, Ѓорѓи Гаврилски се преселил со семејството во Скопје. Во 1945 година ја вршел функцијата помошник на министерот за народно здравје. На 18 април 1946 година, Гаврилски бил избран за член на Законодавниот одбор при Народното собрание. Во 1947 година, бил повикан да го предава предметот „Епидемиологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 1949 година бил избран за вонреден професор. Во учебната 1949/1950, Гаврилски бил избран за продекан.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 40</ref> Меѓу другите државни функции, Ѓорѓи Гаврилски бил втор претседател на Македонското лекарско друштво, како и директор на Сојузниот институт за тропски и маларични болести во Скопје.
 
Но, во 1949 година, Гаврилски бил следен од органите на [[УДБА|УДБ]], и двапати приведен. Во 1951 година, бил исклучен од членството на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]], а потоа бил разрешен од државните функции, по што бил преместен со работа како лекар по општа медицина во Клиниката на Бит Пазар-пазар. Набргу потоа, Гаврилски отворил приватна ординација во просториите на куќата во која живеел со семејството. По забрана на приватна лекарска пракса, Гаврилски почнал да работи во здравствениот дом „Железничар“, каде бил управник од 1961 година до пензионирањето во 1981 година.
 
Објавил повеќе научни трудови.