Вики: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: ефективна → делотворна
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: ефективен → делотворен
Ред 6:
Името на првиот софтвер наречен вики — [[WikiWikiWeb]], му го дал неговиот автор [[Вард Канингем]]. Канингем се сеќавал дека на Меѓународниот аеродром во Хонолулу еден шалтерски службеник го посоветувал да се качи на автобуската линија „вики-вики“ која сообраќала меѓу терминалите. Според Канингем „го одбрав вики-вики како алтернатива за „брзо“ и така избегнав да го наречам ова брз-веб.“ „Вики-вики“ е удвојување на „вики“, хавајски збор што значи брзо или бргу. Зборот понекогаш се користи и како [[бекроним]] за „она што го знам е“, што опишува функција на споделување, чување или размена на знаење.
 
Според Канингем, идејата за „вики“ потекнува од софтверот [[HyperCard]] што го напишал во доцните осумдесетти години. Во доцните деведесетти, се јави растечко прифаќање на викијата како потенцијално ефективенделотворен начин за развој на приватни и јавни [[база на знаење|бази на знаења]], и овој потенцијал ги инспирираше основачите на енциклопедискиот проект [[Nupedia]], кој подоцна прерасна во [[Википедија]]. Во првите години на XXI век, викијата беа прифатени во рамки на претпријатија како колаборативен софтвер. Често се употребуваа за комуникација на проекти, интранети и документација, во прво време на технички теми. Во декември 2002 година [[Socialtext]] го објави првото комерцијално вики решение со отворен код. Во текот на овој период, софтвер за вики со отворен код беше широко достапен, симнуван и инсталиран. Денес некои компании користат вики како нивен единствен колаборативен софтвер и како замена за статични [[интранет]]и. Вики софтверот наводно повеќе се користи зад огнени ѕидови во приватни мрежи отколку на јавниот интернет.
 
== Типично работење на вики мрежно место ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вики