Полуспроводник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Органски полуспроводници: Јазично подобрување, replaced: ефективно → делотворно
с →‎Органски полуспроводници: Јазично подобрување, replaced: ефективен → делотворен
Ред 197:
'''Полуспроводнички суперрешетки:'''
Суперрешетките се структури со еднодимензионално периодичен потенцијал, со период од околу 10 nm. Овој потенцијал се создава со селективно допирање или со регуларно повторување на хетероспоеви на два материјала со различни дебелини и енергетски процепи.
Најчесто користени се суперрешетките кај кои енергетскиот процеп на еден материјал во енергетската скала се наоѓа во енергетскиот процеп на другиот материјал. Доколку слоевите во материјалот со потесен енергетски процеп се тесни во споредба со брановите должини на електроните и празнините, тогаш енергиите на електроните и празнините се квантизирани во правец на суперрешетката. Затоа валентната и спроводната зона на полуспроводниците се разбиваат на подзони. Заради ова доаѓа до делотворно зголемување на енергетскиот процеп Еg2 (растојание меѓу најниските мини-зони во валентната и спроводната зона). Ова особина на променлив ефективенделотворен процеп Еg2 зависно од дебелината на слојот може да се нарече проектирање на енергетскиот процеп. Суперрешетката може да се разгледува како нов материјал кој се разликува од материјалите од кои е направен. Комерцијалната примена на суперрешетките би била во изработка на ласери и инфрацрвени детектори.
 
==Постапки за добивање на полуспроводни материјали==