Лагаш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Banja147 (разговор | придонеси)
Создадено преведувајќи ја страницата „Лагаш
 
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 1:
 
'''Лагаш''' или '''Сирпула''' е еден од најстарите градови на [[Сумер]] и доцниот [[Вавилон]]. Се наоѓал источно од [[Урук]] и северозападно од сливот на [[Тигар (река)|Тигар]] и [[Еуфрат]].
 
== Ископувања ==
Лагаш го открил тогашниот француски конзул во Басра, Ернест де Сарзек, во [[1877]] година. Првиот валија на Басра, Насир паша, му одобрил да врши ископувања. Ископувал на тоа место со прекини сесè до [[1901]] година. По неговата смрт во 1901 година работата ја продолжил Гастон Крос. Подоцна француските експедиции ги предводеле Анри де Генујak (1929-1931) и Андре Oaрo (1931-- [[1933]]).
 
== Наоѓалиште ==
Ред 14 ⟶ 13:
Според натписите пронајдени во Телоху, се чини дека Лагаш бил град од големо значење во сумерскиот период, веројатно во третиот милениум пред Христос. Со него тогаш владееле независните кралеви на Ур-Нин (24 век пред Христос) и неговите наследници, кои се бореле за превласт со Еламитите на исток и кралевите на Кенгија и Киша на север. По семитското освојување Лагаш ја изгубил својата независност, а неговите владетели биле вазали на Саргон од Акад и на неговите наследници. Меѓутоа и понатаму останал важен центар, пред сè, на уметничкиот развој. Во тој период и во малку подоцнежниот под кралевите на [[Ур]], Ур-Гура и Дунгија, го достигнал врвот на уметничкиот развој.
 
По падот на Саргановото [[Акад|Акадско царство]], Лагаш повторно доживеал подем под Ур-баб и Гуде, а имал силни трговски врски со оддалечените кралства. Гудеја на тој начин ги донел кедровите од планините во [[Либан]] и [[Сирија]]. [[Диорит|Диоритот]]от го набавувал во источна Арабија, а [[бакар]] и [[злато]] во централна и јужна Арабија и на [[Синајски Полуостров|Синај]]. Неговата војска војувала со Елам на исток. Тој период бил значаен за развојот на уметноста, а Гудеја, по примерот на Саргон, се прогласил за божество.
 
Во времето на Гудеја, главен град на Лагаш бил Гирсу (Телох). Кралството зафаќало површина од околу 1.600 м2. Содржело 17 поголеми градови, осум регионални центри и бројни села. Според една проценка Лагаш бил најголемиот град во светот од околу 2075 до 2030 година. п. н е. По Гудеја, Лагаж го изгубил своето значење, така што за него не се знаеречиси ништо сесè до изградбата на селеукидската тврдина.
 
== Наводи ==
Ред 27 ⟶ 26:
 
* http://srbskenovine.com/prva-dinastija-lagas-prvi-vladar-prva-religija/
 
[[Категорија:Археолошки наоѓалишта во Ирак]]
[[Категорија:Древни градови]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лагаш