Партенија Зографски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: семинарија → богословија
Ред 20:
== Животопис ==
[[Податотека:Куќа на Партенија Зографски.jpg|170п|мини|лево|Урнатини на неговата родна куќа во 1999 година.]]
Партениј Зографски, чие родено име е '''Павле Тризловски''', е роден во [[1818]] г. во [[Галичник]], како првороден син на Доста и Василко. Првото образование го стекнал во манастирот „Св. Јован Бигорски”, а во [[1836]] г. во [[Охрид]] бил ученик на [[Димитар Миладинов]]. Замонашен е во [[Манастир Зограф|Манастирот Зограф]] на [[Света Гора]], во [[1842]] година, при што го добива името ''Партениј'', а по манастирот и звањето ''Зографски''. Зографски по знаења оди и во Духовната академија во [[Одеса]], Кипријанскиот манастир во [[Молдавија]], киевската семинаријабогословија, а од [[1846]] до [[1850]] г. е редовен студент во Духовната академија во [[Москва]].
 
Неговиот животен пат е нераскинливо врзан - со љубовта кон Бога и кон сопствениот македонски народ. Набргу по завршувањето, од страна на цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво црковно звање и чин. Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршијската црква во [[Цариград]]. Прво околу што се заложил новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонски верници, со што го намалил влијанието на грчката црква во однос на богослужбата. Ги обиколувал селата во епархијата за да внесе словенско духовно влијание, отворал народни училишта, а, тоа не можело да не предизвика реакции на кукушките чорбаџии, кои коментирале ''„Каков е тој владика што не практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради училишта”'' кои подоцна се жалеле до Цариградскиот патријарх за неговото дејствување.