Василиј I Московски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: = Православие → = православие
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Новгородската репуб → Новгородската Репуб
Ред 29:
Тој бил најстариот син на [[Дмитриј Донски]] и Големата принцеза [[Евдокија]] којашто била ќерка на [[Дмитриј Константинович]] од [[Нижни Новгород]]. По смртта на неговиот татко, тој станал голем кнез на Москва и Владимир без да почека потврда од страна на Златната орда, на која бил вазал. По [[Опсада на Москва (1382)|Опсадата на Москва]] во [[1382]] година, тој останал заробеник во монголскиот дворец, до успешното му бегство во [[1386]] година. Ова бегање на крајот му било простено главно поради нападот на [[Тимур]] врз [[Златната орда]].
 
Василиј I продожил со поврзувањето на руските земји. За да ја намали опасноста од можните напади на [[Златна орда|Златната орда]], во [[1392]], Василиј склучил сојузништво со [[Големмо литванско кнежевство|Големото кнежевство Литванија]] и се оженил со [[Софија Витовтовна]], единствената ќерка на кнезот [[Витаутас Велики]]. Веднаш по ова, тој во [[1392]] година ги освоил градовите [[Нижни Новгород]] и [[Муром]], а од 1397 до 1398, истото го сторил и со градовите [[Калуга]], [[Вологда]], [[Велики Устјуг]] со територијата на која живеел народот [[Коми]]. Крајот на независноста на Новгородската републикаРепублика бил проследен со еден значаен настан. Кога новгородскиот кнез сакал да се спротистави на московската армија која се приближувазла кон градот, неговите бојари му сопштиле дека е најдобро да тој ја признае власта на Василиј, и му дале на знаење дека нема да го поддржат при определен напад. Присоединувањето на Нижни Новгород и дало можност на Москва да се зацврсти во областа на средна Волга.
 
По четригодишен успех, Василиј I решил да прекине со војувањата и да се препушти на собирање финансии за идни походи. Во [[1395]] година одлучил повеќе да не плаќа данок на Златната орда. Истата година, [[Тимур]] ги нападнал словенските територии. Тој особено напаѓал во регионите по течението на реката [[Волга]], но не подготвувал напад на [[Москва]]. Тимуровиот напад и послужил на [[Русија]] да ја загрози Златната орда, која во наредните 12 години била во состојба на анархија.