Иљја Франк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Живот и кариера: Исправен поим, replaced: шок-бран → ударен бран
Ред 45:
Иљја Франк изучувал математика и [[теориска физика]] во [[Московски универзитет|Московскиот универзитет]]. Од неговата втора година работел во лабораторијата на [[Сергеј Иванович Вавилов]], кого го сметал за негов ментор. По дипломирањето во 1930, по препорака на Вавилов, тој почнал да работи во државниот оптички институт во Ленинград. Таму ја напишал својата прва објава за [[луминисценција]] заедно со Вавилов. Работата која ја завршил таму ќе биде основа за неговиот докторски есеј во 1935.<ref name="PANbio"/>
 
Во 1934, Франк се префрлил во институтот за физика и математика на Советската академија на науки (кој набрзо ќе биде преместен во Москва, каде бил трансформиран во институт за физика). Тука почнал да работи на [[нуклеарната физика]], сосема ново поле. Се заинтересирал за [[Вавилов-Черенков ефект|ефектот]] откриен од [[Павел Черенков]], така наелектризирани честички кои се движат низ вода со голема брзина емитуваат светлина. Заедно со [[Игор Там]], развиле теориско објаснување: ефектот се појавува кога наелектризирани честички патуваат низ оптички транспарентен медиум со брзина поголема од [[Индекс на прекршување|брзината на светлината во тој медиум]], предизвикувајќи шок-ударен бран во електромагнетното поле.<ref name="PANbio"/> Количината на енергијата која зрачи во овој процес е определена со [[Франк-Тамова формула|Франк-Тамовата формула]].
 
Откритието и објаснувањето на овој ефект резултирало со развивањето на нови методи за детектирање и мерење на брзината на [[Нуклеон|нуклеарните честички]] со голема брзина и станало многу значајно за истражувањето во [[Нуклеарна физика|нуклеарната физика]]. Черенковото зрачење е широко употребувано во биомедицинските истражувања за детекција на [[радиоизотоп]]и. Во 1946, Черенков, Вавилов, Там и Франк биле наградени со [[Сталинова награда]] за нивното откритие, а во 1958 Черенков, Там и Франк ја добиле [[Нобеловата награда за физика]].<ref name="PANbio"/>