Катица Ќулавкова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од ИБАБАНЧО) и ја поврати преработката 4717199 на MacedonianBoy
Ознака: Рачно отповикување
поврзница
Ред 21:
Како стипендист на француската влада, акад. Ќулавкова има остварено два едногодишни студиски престоја на Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона (1977/78) и Сорбона 1 во Париз (1983/84), (под менторство на угледните професори Michel Décodian и Jean-Pierre Richard). Во тек на една академска година има работено во Лекторатот по македонски јазик и литература при Институтот за ориентални јазици, INALCO – Париз (1994/1995), каде што држи настава по македонска книжевност и јазик, обликувана во два одделни курса: „Македонската книжевност од Климент до денес“ и „Македонската усна традиција и македонската современа книжевност – споредбени интерпретации“. Во пролетта 1997 година остварува истражувачки престој во Париз со грант од Програмата ТЕМПУС, при Универзитетот Париз 8 – Saint-Denis, во соработка со истакнатиот професор, филозоф и поет Michael Deguy, со цел да подготви наставна програма по новиот универзитетски предмет „Книжевна херменевтика“. Од 2001 до 2002 година остварува тесна наставно-научна соработка со Катедрата за општа и компаративна книжевност при Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона, како партнерска институција на Проектот ХЕСП (Нов модел на курикулуми по компаративни книжевни студии), кој се реализира под нејзино раководство. 
 
Од 1973 до 1981 година, Ќулавкова работи во општинската и републичката младинска организација (член на Секретаријатот), а две години има работено и во Градскиот комитет на СКМ, во одделението за култура, уметност и образование. Таа била член на ЦК на СКМ во еден мандат. Ќулавкова била член на Републичката комисија за културни врски со странство, потпретседател на Републичката комисија на [[УНЕСКО]], член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и др. Од 1990 е секретар, а од 1996 до 2000 година претседател на [[Македонски ПЕН центар|Македонскиот ПЕН центар]], кога е избрана за почесен претседател на Македонскиот ПЕН. Во септември 2002 година е избрана за претседател на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот П.Е.Н. од Лондон, а во 2008 (на Конгресот во [[Богота]], [[Колумбија]]) - за Потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон).
 
Била член на издавачкиот одбор и на одборот за електронско издаваштво при Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, и член на Одборот за родови студии при „Евро-Балкан“. Била член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Р. Македонија, член на редакциите на списанијата „Разгледи“, „Спектар“, ''Identities/Идентитети'' и др. Била и главен уредник на списанието ''Прилози'' за лингвистика и литературна наука при [[МАНУ]]. Таа е основач на електронското списание за компаративни студии ''Mirage/Мираж'' при Катедрата за општа и компаративна книжевност, како и на меѓународнaта колекција ''Diversity/Разноликост''.