Сетилник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Правопис
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Light sensor.png|оквир|десно|Светлосен сензор]]
'''Сетилник''', ('''сензор''' или '''детектор''') — која било направа којашто [[мерење|мери]] една [[физичка величина]] и ја претвора во облик погоден за понатамошна обработка, односно за читање од страна на набљудувачот или од инструментот (кој денес е најчесто електронски). Излезната величина од мерниот инструмент се бара да биде правопропорционална со неговата влезна величина. Делот од мерниот инструмент кој непосредно чувствува некои промени во процесот се нарекува ''сетилен елемент.''
 
Во однос на принципот на работа, мерните инструменти може да се поделат на отпорнички, капацитивни, индуктивни, електромагнетни, пиезоелектрични, механички, хидраулични, пневматски и други. Електричната и механичката величина се најсоодветни за мерење, па тие најчесто се јавуваат како излезни величини, па сетилниците врз основа на излезната величина се поделени на '''електрични''' и '''механички'''.