Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стандардни уреди: Правописна исправка, replaced: IP адрес → IP-адрес
с Јазично подобрување, replaced: фреквентниот → честотниот (3)
Ред 29:
 
Wi-Fi користи SC-DSSS (анг. single carrier direct-sequence spread spectrum) технологија која е дел од поголемата фамилија на SS (spread spectrum) системи и MC-OFDM (анг. multi-carrier orthogonal frequency-division multiplexing) технологија на радио пренос. Ослободувањето на одредени радиофреквенции, за слободно користење, ја овозможија појавата и развојот на Wi-Fi уредите, како и на другите безжични технологии како блутут, безжичните фиксни телефони и еднократниот конкурент на Wi-Fi технологијата, HomeRF.
Во САД, Федералната комисија за телекомуникации дозволи слободно користење на дел од фреквентниотчестотниот спектар, со ново донесените правила на 9 мај 1985 година. Многу други земји подоцна го следеа овој пример, со што денес се овозможува употреба на неколку комуникациски технологии низ целиот свет. Дозволата која ја издаде Федералната комуникациска комисија во САД беше заснована на предлогот на Мајкл Маркус, член на оваа комисија, уште од 1980 година и требаше цели 5 години на истата за да стапи во сила. Тој предлог беше дел од поголем предлог за да се дозволи слободна употреба на фреквентниотчестотниот спектар од страна на граѓаните и истиот тој предлог, во тоа време, беше оспоруван од страна на големите производители на електронска опрема и комуникациските регулатори.
Зачетоците на Wi-Fi технологијата се уште од 1985 г. кога Федералната комисија за телекомуникации на САД, дозволи слободно користење на неколку фреквентни појаси. Во 1991год. NCR корпорацијата и ATиT ( NCR Corporation и AT&T) односно денешните Лусент Технолоџис и Агер Системс (Lucent Technologies и Agere Systems) го создадоа претходникот на денешниот Wi-Fi систем во Нејвеген, Холандија. Овај систем бил создаден за комуникација со системи на фискални каси; Првите безжични уреди се појавија на пазарот под англиското име WaveLAN и развиваа брзина на пренос од 1 Mbit/s до 2 Mbit/s. Вик Хејс, кој беше директор на IEEE 802.11 цели 10 години и подоцна беше именуван како „таткото на Wi-Fi технологијата” беше дел од дизајнерскиот тим кој ги создаде IEEE 802.11b и 802.11a стандардите
Поголем дел од IEEE 802.11стандардите врз кои се заснова Wi-Fi технологијата (во својата a, g и варијантите на n генерацијата), според одлуките на судот, биле засновани на патентот 5,487,069 кој бил регистриран во САД во 1993 година, од страна на CSIRO, Австралиско истражувачко тело. Овај патент стана причина за судски спор кој ова тело го поведе против поголемите производители во компјутерската индустрија. Во 2009 година CSIRO потпиша договор под доверливи услови со 14 компании, меѓу кои Hewlett-Packard, Intel, Dell, Toshiba, ASUS, Microsoft и Nintendo. Приходот на оваа групација до октомври 2009 година порасна до 200 милиони австралиски долари, како последица на овие договори.
Ред 61:
===Домет===
 
Wi-Fi мрежите имаат ограничен домет. Типичен Wi-Fi насочувач кој користи 802.11b или 802.11g фрекфенции, со надворешна антена има домет од 32 метри во затворена просторија и 95 метри на отворено. Меѓутоа, новите стандарди 802.11n на IEEE можат повеќе од двојно да го надминат тој домет. Дометот исто така зависи од фреквентниотчестотниот појас. Wi-Fi сигналот во 2,4 GHz-от појас има малку поголем домет од истиот сигнал во 5 GHz-от појас. Дометот на отворено може да се подобри (преку користење на насочени антени) со поставување на антени оддалечени неколку километри од базата. Генерално, максималната енергија што Wi-Fi уредот може да ја емитира е ограничена со локалните регулативи.
Квалитетот на Wi-Fi сигналот се намалува за околу четири пати со зголемување на далечината, доколку влијанието на другите уреди остане исто.
Поради потребите за поголем домет на Wi-Fi сигналот, Wi-Fi уредите трошат доста повеќе ел. енергија од уредите кои користат други стандарди. Технологиите како Блутут (анг. Bluetooth), дизајнирани за изградба на помали мрежи, имаат домет помал од 10 метри и затоа трошат помалку ел. енергија. Други технологии со мала потрошувачка, како ЗигБи (анг. ZigBee) имаат доста голем домет, но мал проток на податоци. Големата потрошувачка на Wi-Fi технологијата претставува проблем со тоа што го намалува времетраењето на батериите кај мобилните уреди.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi