Вудсток (фестивал): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK #WPWP
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Интернационалниот → Меѓународниот
Ред 86:
• Групата Џеф Бек требаше да настапи во недела, но неколку денови пред Вудсток, Ники Хопкинс ја напушти групата, по што и останатите членови на групата се растурија. Сепак, Ники Хопкинс свиреше на Вудсток, но со Џеферсон Аероплејн.
• Дорс се сметаа како потенцијална група што ќе настапи, но тие откажаа во последниот миг; според гитаристот Роби Кригер, ја одбиле поканата зашто сметале дека фестивалот ќе биде „второкласна реприза на фестивалот Монтери Поп“, но подоцна зажалиле за таквата одлука.
• Лед Цепелин беа поканети да настапат, а нивниот менаџер Питер Грант тврди: „Бевме поканети на Вудсток, Атлантик нè очекуваа, исто така и нашиот промотер за САД, Френк Барсалона. Јас одбив зашто на Вудсток ние ќе бевме само еден од многуте состави.“ Наместо тоа, групата отиде на исклучително успешната летна турнеја и свиреа преку викендот на место јужно од фестивалот, во Конвенционалнта Сала во Њу Џерси. Нивната единствена пауза што ја имаа ја искористија да отидат на концертот на Елвис Присли во ИнтернационалниотМеѓународниот Хотел во Лас Вегас на 12 август.
• Бирдс беа поканети, но решија да не настапат, сметајќи дека Вудсток нема да биде ништо поинаков од кој било друг музички фестивал тоа лето. Тие исто така имаа и материјални проблеми. Басистот Џон Јорк се сеќава: „Летавме за да свириме на една тезга и Роџер (МекГин) дојде до нас и ни кажа дека некој организирал фестивал во државата Њујорк. Но, во тоа време не ги плаќаа сите групи. Тој нè праша дали сакаме да настапиме и ние одбивме. Немавме претстава каков ќе биде тој фестивал. Бевме истоштени, преморени од фестивалската сцена. [...]Затоа сите рековме „Не, сакаме да се одмориме“ и го испуштивме најдобриот фестивал на сите времиња.“
• Томи Џејмс и Шонделс ја одбија поканата. Водечкиот вокал Томи Џејмс подоцна рече: „Си ја трескавме главата потоа“.Бевме на Хаваи и мојот секретар нè викна и ни кажа: „Чујте, има некојси фармер на фарма за свињи во државата Њујорк кој сака да свирите на неговиот терен“.Ете, така ми беше кажано. Ние не прифативме, но неколку денови подоцна сфативме што сме одбиле.“