Разлика помеѓу преработките на „Прохор Пчињски“

Додадени 22 бајти ,  пред 11 година
{{внимание}}
(+)
 
({{внимание}})
{{внимание}}
 
'''Проподобниот отец наш Прохор Пчински''', подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, бил јавен во светот како светлина за време на царувањето на благочестивиот цар Диоген. Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај во Македонија. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца. Горејќи од желба за деца, тие усрдно везнесувале топли молитви кон Бога и многу милостиња давале по црквите и сиромашните. Господ погледнал на нивните молитви и милостињи и им дарувал утеха и голема радост: Ана зачнала во староста и родила син, кој на крштението добил име Прохор. Кога Прохор наполнил осум години родителите го испратиле да ја изучува писменеста. Просветуван од Духот Божји, Прохор многу напредувал во учењето и со тоа многу ги зарадувал своите благочестиви родители.