Геном: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Еукариотски геноми: Јазична исправка, replaced: X хромозом → X-хромозом
с →‎Прокариотски геноми: Јазично подобрување, replaced: Репрезентативни → Претставителни
Ред 17:
Прокариотските геноми се состојат од еден хромозом и неколку дополнителни елементи. Хромозомот најчесто е во облик на кружна двоверижна ДНК молекула, но може да биде и линеарна молекула кај некои поголеми групи, како што се ''[[Streptomyces]]'' и ''[[Borrelia]]'' (причинител на болеста [[борелиоза]]). Дополнителни (екстрахромозомски) елементи кои содржат наследен материјал се [[плазмид]]ите (најчесто кружни молекули, со исклучок на [[актиномицети]]те и некои [[протеобактерии]]), како и елементите на [[Инсерциона низа|инсерционата низа]] (IS), [[транспозон]]ите и [[профаг]]ите (добиени од вирусите). Постојат и некои други разновидности во геометријата на хромозомите: на пример, повеќе кружни хромозоми се најдени кај некои организми. Комбинации од кружни и линерани хромозоми се наоѓаат кај други групи. Постојат дури и бактерии (како ''[[Streptomyces]]'') чии кружни и линеарни хромозоми имаат способност наизменично да се претвораат од кружен во линеарен облик.
 
Најмалиот бактериски хромозом, со само 580 [[Килобазен пар|kbp]] се наоѓа кај ''[[Mycoplasma genitalium]]'', додека најголемиот, со 9.200 kbp, се наоѓа во видот ''[[Myxococcus xanthus]]''. РепрезентативнитеПретставителните примероци варираат помеѓу 2.000 и 5.000 kbp (на пример, кај ''[[Escherichia coli]]'' MG1655 има 4.649.221 bp). Еден типичен бактериски [[ген]] содржи приближно илјада базни парови. ''M. genitalium'' има приближно 470 гени, додека ''M. xanthus'' има повеќе од 10.000, а бројот на гени кај ''E. coli'' достигнува до околу 4.288.
 
До [[2002]] година, одредени се [[нуклеотид]]ните низи на повеќе од 75 прокариотски хромозоми. Со ова се постигнува запознавање со местоположбата, функцијата и [[Алелна варијација|алелната варијација]] за секој ген.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Геном