Слепченски манастир (Демирхисарско): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: дополнување, збогатување
Ред 34:
== Историја ==
[[Податотека:MagjernicaSlepce.JPG|мини|лево|Дел од манастирските конаци.]]
Манастирот датира уште од 5 век, тој податок постои на една преклопна карта. Подемот Манастирот го доживува во Светоклиментово време кога станува ставропигијален манастир на Охридскиот Архиепископ. Манастирот прераснал во голем скрипториски центар, кој работел за потребите на архиепископијата.Тогаш во него се вршат преписи на книги, преводи од старогрчки и латински јазик за потребите на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]], но се развива и творештвото во Манастирот, се пишуваат богословско - философски трактати, зборници и.т.н. Еден од најстарите сочувани артефакти е еден [[Слепченски апостол|Апостол]] кој датира од втората половина на 10 век и 11 век, претставува палимпсест, а воедно и најстар препис на словенскиот превод на Апостолот директно од перото на [[Свети Кирил и Методиј|светите браќа Кирил и Методиј]]. Овој ракопис е воедно и најстариот сочуван словенски Апостол, а денес помеѓу науката носи и латински назив Praxapostolos slepcensis. [[Податотека:Apostol-4-str.-copy.jpg|алт=Палимпсест|мини|Слепченски Апостол X век]]
 
Угледот на манастирот како во времето на својата постара историја, така и подоцна, привлекувал ктитори и приложници меѓу Византиските цареви, Урго-влашките војводи и најмоќните македонски благородници, кнезови од времето на Османлискиот период, богати закупци на рудниците во Железнец и Демир Хисар.
 
[[Податотека:Apostol-4-str.-copy.jpg|алт=Палимпсест|мини|Слепченски Апостол X век]]
Во долгата историја на Манастирот кон крајот на XIII век како ктитори се запишани византискиот цар [[Михаил VIII Палеолог|Михаило VIII – Палеолог]] и неговата сопруга [[Теодора Дукина Ватацина|царицата Теодора Дукина Ватацина]] и нивнините имиња се запишани во најстариот зачуван Слепченски Поменик под бр. 1/116 кој се наоѓа во Одеса, Р. Украина. Потоа, како приложници се среќаваат Урго-влашките војводи во XV век, и кнезот Димитар Кратовски во средината на XVI век.
 
 
 
Поволната географска положба, материјалното богатство, манастирските конаци и помошните згради, овозможувале овде да најдат свое гнездо свештениците, учителите, уметниците и книжевниците. Во манастирот Слепче работело манастирското училиште, чие постоење и успешно работење го потврдуваат летописите, белешките, записите и натписите. Низ нивните редови ги откриваме свештениците, резбарите, сликарите, архитектите и учителите, кои работеле во тоа училиште. Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од XI и XII век. Книжевната дејност на слепчанските книжевници добила пошироки размери во XIV и XV век, а во XVI век книжевноста достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале богослужбени книги за црквите во Демирхисарско и Македонија. Во значајните дела од Слепчанската школа спаѓаат: „[[Слепченски апостол|Слепчанскиот апостол]]“ од X век, „Слепчанскиот писмовник“ од XVI век. Манастирот Слепче во XVI век претставувал важен резбарско-сликарски центар, кој во науката е забележан како Слепчанско-прилепска резбарска школа. Меѓу највредните уметнички дела, круна на резбата од тој период се Слепчанската еднокрилна и двокрилна врата, кои во минатото ги краселе влезовите на манастирската црква. Тие денес се наоѓаат во уметничката галерија во Скопје. Денес во црквата се наоѓаат повеќе значајни уметнички предмети, меѓу кои се истакнува Големиот Крст со Распнатиот Христос од 16 век, Царските двери (оштетени од пожарот 1972) како и интересните певници изработени во копаница.