Слепченски манастир (Демирхисарско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Дополнување
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 34:
== Историја ==
[[Податотека:MagjernicaSlepce.JPG|мини|лево|Дел од манастирските конаци.]]
Манастирот датира уште од 5 век, тој податок постои на една преклопна карта. Подемот Манастирот го доживува во Светоклиментово време кога станува ставропигијален манастир на Охридскиот Архиепископ. Тогаш во него се вршат преписи на книги, како и преводи за потребите на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Манастирот прерасна во голем скрипториски центар, кој работел за потребите на архиепископијата. Еден од најстарите сочувани артефакти е еден Апостол кој датира од втората половина на 10 век и 11 век, претставува палимпсест, а воедно и најстар препис на словенскиот превод на Апостолот директно од перото на светите браќа Кирил и Методиј. Благодарение на соработката низ вековите на книжевно и уметничко поле со кратовските манастири и Охридската архиепископија, во Слепчанската школа се создадени врвни уметнички дела од сликарството, резбата и книжевноста, кои се од непроценлива вредност за македонската и за славистичката наука. Поволната географска положба, материјалното богатство, манастирските конаци и помошните згради, овозможувале овде да најдат свое гнездо свештениците, учителите, уметниците и книжевниците. Во манастирот Слепче работело манастирското училиште, чие постоење и успешно работење го потврдуваат летописите, белешките, записите и натписите. Низ нивните редови ги откриваме свештениците, резбарите, сликарите, архитектите и учителите, кои работеле во тоа училиште. Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од XI и XII век. Книжевната дејност на слепчанските книжевници добила пошироки размери во XIV и XV век, а во XVI век книжевноста достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале богослужбени книги за црквите во Демирхисарско и Македонија. Во значајните дела од Слепчанската школа спаѓаат: „[[Слепченски апостол|Слепчанскиот апостол]]“ од XII век, „Слепчанскиот писмовник“ од XVI век, кои се пренесени во [[Русија]]. Манастирот Слепче во XVI век претставувал важен резбарско-сликарски центар, кој во науката е забележан како Слепчанско-прилепска резбарска школа. Меѓу највредните уметнички дела, круна на резбата од тој период се Слепчанската еднокрилна и двокрилна врата, кои во минатото ги краселе влезовите на манастирската црква. Тие денес се наоѓаат во уметничката галерија во Скопје. Денес во црквата се наоѓаат повеќе значајни уметнички предмети, меѓу кои се истакнува Големиот Крст со Распнатиот Христос од 16 век, Царските двери (оштетени од пожарот 1972) како и интересните певници изработени во копаница.
 
Во некои извори се спомнува дека манастирот е изграден во 1010 година, односно пред познатата битка помеѓу македонскиот [[цар Самоил]] и грчкиот цар Василиј II, што се одиграла на [[Беласица]] во 1014 година и завршила со трагичното ослепување на Самоиловите војници. Ослепената војска, по битката, се задржала во месноста на денешното село Слепче, кое, според овој историски настан, го добило и своето име.